Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 137.190 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на нулта емисија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Расгула со рабди.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Брод во ураганска бура од 12. степен — највисокиот на Бофоровата скала
Брод во ураганска бура од 12. степен — највисокиот на Бофоровата скала
На денешен ден…

Денес е 24 јули 2023 г.

Настани:

1148  Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
1534  Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
1715  Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
1823  Укинато е ропството во Чиле.
1908  Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923  Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
1946  Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1974  По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
2002  Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
2014  Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак.
2019  Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј.

Родени:

1725  Џон Њутон — англиски морнар и свештеник.
1783  Симон Боливарјужноамерикански борец за независност. Овој ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор.
1802  Александар Дима Таткотофранцуски писател.
1828  Николај Чернишевскируски писател, критичар и револуционер.
1860  Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот „Арт нуво“.
1886  Џуничиро Танизаки — јапонски писател.
1921  Џузепе Ди Стефано — италијански оперски пејач.
1928  Бранко Хорват - хрватски економист.
1933  Јежи Харасимович — полски поет.
1938  Хозе Алтафини — италијанско-бразилски фудбалер.
1946  Тито Беличанец — македонски правник и универзитетски професор.
1947  Предраг Ејдус — српски и југословенски глумец.
1950  Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка.
1954  Живан Љуковчан — српски фудбалски голман.
1958  Мик Карн — британски рок-музичар.
1961  Максим Федотов — руски виолинист.
1963  Карл Мелоун — американски кошаркар.
1969  Џенифер Лопезамериканска глумица и пејачка.
1971  Дино Баџо — италијански фудбалер.
1974  Милан Јуришиќ — српски криминалец.
1975  Рајан Стак — натурализиран македонски кошаркар.
1985  Лукаш Росол — чешки тенисер.

Починале:

1957  Методија Андонов - Чентомакедонски револуционер и државник — прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година.
1974  Џејмс Чедвиканглиски физичар — откривач на неутронот и Нобелов лауреат во 1935 година.
1980  Питер Селерсбритански филмски глумец и комичар.
1991  Исак Башевис Сингерамерикански писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин.
2000  Клод Сотефранцуски филмски режисер-оскаровeц.
2001  Махир Камбери — поранешен член на ОНА.
2001  Сељман Нухиу — поранешен член на ОНА.
2001  Неџмедин Сулејмани — поранешен член на ОНА.

Празници:

  Еквадор — Ден на Симон Боливар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич