Братислава — главен град на Словачка и со 429.000 жители е најголемиот град во републиката. Братислава се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави. Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа кои се оддалечени нешто помалку од 60 километри.
Братислава е политички, културен и економски центар на Словачка. Градот е седиште на словачкиот претседател, словачкото собрание и словачката влада. Исто така во Братислава се наоѓаат неколку универзитети, музеи, театри, галерии и останати значајни културни и економски институции. Голем дел од словачките претпријатија и финансиски институции се наоѓаат токму во главниот град.
Низ историјата градот долго време бил познат под германското име Пресбург и самата историја била под влијание на различни народи како на пример од Германците, Чесите, Унгарците, Словаците или Евреите. Градот бил главен град на Унгарското кралство како дел од поголемата Хабсбуршка монархија во периодот од 1536 до 1783 г. и Братислава била дом на голем број истакнати словачки, унгарски и германски историски личности. (Дознајте повеќе...)
...дека Византијците успеале да ја надвладеат војската на Петар Делјан само поради помошта од Викиншката гарда на Харалд Суровиот — подоцна крал на Норвешка како Харалд III, крунисан со воената слава како „опустошувач и разорувач на Македонија“ и опеан во скандинавска сага?
... дека францускиот двокрилец од марката „Потез 29“ (Potez 29) станал првиот комерцијален патнички авион во Македонија, кој почнал да го опслужува Скопскиот аеродром во 1928 г. со превозникот „Аеропут“?
...дека историско-географската област Мрвачко во Егејска и Пиринска Македонија го носи името на македонската етнографска група Мрваци, така наречени поради трошките и правот врз нивната облека бидејќи се занимавале со рударство?
На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп-музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.