Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 135.767 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Полна месечина

Месечина — единствен природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Со околу една четвртина од пречникот на Земјата (споредливо со ширината на Австралија), таа е најголемиот природен сателит во Сончевиот Систем во однос на големината на неговата планета, петти по големина сателит во Сончевиот Систем, и е поголема од која било позната џуџеста планета. Месечината е објект со планетарна маса кој формирал диференцирано карпесто тело, што ја прави сателитска планета според геофизичките дефиниции на терминот. На Месечината и недостасува значајна атмосфера, хидросфера или магнетно поле. Нејзината површинска гравитација е околу една шестина од Земјината (0,1654 g); Јупитеровата месечина Ија е единствениот сателит во Сончевиот Систем за која се знае дека има повисока гравитација и густина.

Кружи околу Земјата на просечно растојание од 384.400 км или околу 30 пати поголемо од пречникот на Земјата, нејзиното гравитациско влијание малку го продолжува денот на Земјата и е главниот двигател на плимата и осеката на Земјата. Орбитата на Месечината околу Земјата има орбитален период од 27,3 денови. За време на секој период од 29,5 денови, количината на видлива површина осветлена од Сонцето варира од 0 до 100%, што резултира со месечеви мени кои ја формираат основата за месеците од месечевиот календар. Месечината е плимно заклучена за Земјата, што значи дека должината на целосната ротација на Месечината околу сопствената оска предизвикува нејзината иста страна (блиската страна) секогаш да биде свртена кон Земјата, а нешто подолгиот месечев ден е ист како орбиталниот период. Според тоа, 59% од вкупната површина на Месечината може да се види од Земјата преку поместувања на поради либрација. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
African helmeted turtle (Pelomedusa subrufa).jpg
Африканска шлемоносна желка (Pelomedusa subrufa) во ЈАР.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Првиот патнички на Скопскиот аеродром — „Потез 29“
На денешен ден…

Денес е 27 април 2023 г.

Настани:

1521  На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година.
1810  Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“.
1905  Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев — македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година.
1960  Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.
1961  Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.
1992  По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија.
1993  Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.
1993  Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.

Родени:

1791  Семјуел Морзе — американски физичар и сликар.
1967  Вилем-Александаркрал на Холандија.
1922  Тале Огненовски — македонски музичар и композитор.
1952  Горан Стефановски — македонски писател.
1982  Франсоа Паризјен — канадски велосипедист.
1986  Динара Сафина — руска тенисерка.
1986  Елена Ристеска — македонска поп-пејачка.
1987  Џонатан Кастровјехо — шпански велосипедист.
1992  Емин Махмудов — руски фудбалер.
1995  Ник Кирјос — австралиски тенисер.
1998  Кристијан Ромеро — аргентински фудбалер.
2002  Ентони Еланга — шведски фудбалер.

Починале:

1521  Фернандо Магелан — португалски морепловец.
1882  Ралф Валдо Емерсон — американски есеист и поет.
1905  Никола Карев — македонски социјалист и револуционер.
1938  Едмунд Хусерл — германски филозоф.
1983  Димо Тодоровски — македонски вајар.
1983  Кирил Миљовски — македонски револуционер, академик, политичар и прв ректор на Универзитетот во Скопје.
1998  Карлос Кастанеда — американски писател.
2007  Мстислав Ростропович — советски и руски виолончелист.
2014  Вујадин Бошков — српски и југословенски фудбалски тренер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич