Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 134.322 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
World map of countries by literacy rate.svg

Писменост — поим кој традиционално се дефинира како способност за читање и пишување. Денес значењето е проширено да вклучува и способност да се користат јазикот, бројките, сликите, сметачите и други основни начини за разбирање, општење, стекнување со корисни знаења, решавање на математички проблеми и употреба на доминантниот симболски системи на културата. Концептот за писменост се прошири во земјите-членки на ОЕЦД да вклучува и вештини за пристап до знаење преку технологијата и способност за проценка на комплексни контексти. Лице кое патува и престојува во странска земја, но не е во можност да чита или пишува на јазикот на месното население во земјата исто така би се сметало од страна на месното население за неписмено.

Клучот за писменоста е развојот на читањето, напредок во однос на вештините кое започнува со способноста да се разберат изговорените зборови и декодираат напишаните зборови и кулминира во длабоко разбирање на текстот. Развојот на читањето вклучува голем спектар на комплексни јазични основи вклучувајќи свест за говорни звуци (фонологија), правописни модели (правопис), значењето на зборот (семантиката), граматика (синтакса) и модели на образување на зборови (морфологија), сите обезбедувајќи ја потребната платформа за разбирање при читањето.

Откако овие вештини се стекнати, читателот може да стекне целосна јазична писменост, која вклучува способности да се аплицира на печатениот материјал критичка анализа, оценка и синтеза; да се пишува со точност и кохерентност; и за да се користат информацијата и увидот од текстот како основа за информирани одлуки и креативна мисла. Неможноста да се направи ова се нарекува неписменост или аналфабетизам.

Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ООН (УНЕСКО) ја дефинира писменоста како "способност да се идентификува, разбере, толкува, твори, општи и да се пресметува користејќи печатени и писмени материјали кои се поврзани со различни контексти. Писменоста вклучува континуитет во учењето со цел овозможување на поединците да ги постигнат своите цели, да ги развијат своите знаења и потенцијали и да учествуваат целосно во нивната заедница и поширокото општество. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Cocodrilo del Nilo (Crocodylus niloticus), parque nacional de Chobe, Botsuana, 2018-07-28, DD 86.jpg
Нилски крокодил (Crocodylus niloticus) во Националниот парк Чобе, Боцвана.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Реконструкција на тврдината Чрнче во VI век
На денешен ден…

Денес е 15 март 2023 г.

Настани:

1776  Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година.
1993  ПТТ „Македонија“, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.
1997  Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
2004  Формирана е Лугола, група на корисници на GNU/Линукс од Битола.
2013  Ли Кеќанг стапува на функцијата Премиер на НР Кина.

Родени:

1767  Ендру Џексонпретседател на САД.
1915  Венко Марковски — македонски и бугарски поет.
1933  Филип де Брока — француски филмски режисер.
1935  Ташко Георгиевски — македонски писател.
1940  Фил Леш — американски рок-музичар, член на групата The Grateful Dead.
1943  Дејвид Кроненберг — канадски филмски режисер.
1943  Слај Стоун — американски соул-музичар.
1944  Јоаким Кин — германски џез-пијанист.
1944  Иван Ќурковиќ — хрватско-српски фудбалер.
1947  Рај Кудер — американски гитарист.
1948  Давид Албахари — српски писател.
1955  Јасна Злокиќ — хрватска и југословенска поп-пејачка.
1955  Стив Лиливајт — англиски музички продуцент.
1956  Иван Јуришиќ — српски фудбалер.
1957  Виктор Муњос — шпански фудбалер.
1963  Нели Хупер — британски музички продуцент.
1968  Милорад Улемек - Легија — српски командант и атентатор на премиерот на Србија.
1975  Веселин Топалов — бугарски шаховски велемајстор.
1975  Ева Лонгорија — американска глумица.
1981  Брис Гијар — француски мечувалец.
1985  Константин Бакун — украински и руски одбојкар.
1990  Драгана Цвииќ — српска ракометарка.
1993  Пол Погба — француски фудбалер.

Починале:

44 п.н.е.  Гај Јулиј Цезарримски војсководец, политичар и писател.
220  Цао Цао — кинески војсководец и државник.
493  Одоакар — италијански крал.
1903  Тома Давидов — бугарски офицер.
1937  Хауард Филипс Лавкрафт — американски писател.
1959  Лестер Јанг — американски џез-музичар.
1974  Глигор Смокварски — македонски композитор, кларинетист и музиколог.
1981  Рене Клер — француски филмски режисер.
1991  Миодраг Булатовиќ — црногорски и југословенски писател.
1997  Виктор Вазарели — унгарско-француски сликар.
2006  Јоргос Ралис — грчки политичар.
2006  Жозуе Монтело — бразилски писател.
2014  Скот Ештонамерикански рок-музичар, член на групата „Стуџис“ (The Stooges).
2021  Драгољуб Ѓуричиќ — црногорско-српски рок-музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич