Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 133.228 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Collage cultura Italia.jpg

Италијанската култура може да се пофали со неколку светско познати градови. Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи ги Етрурците, Грците и Римјаните. Рим бил античка престолнина на Римската империја и седиште на Папата на Католичката црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи достигнувања во уметноста. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и финансиски центар на Италија а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, вајари, поети, музичари, математичари и архитекти. Во своето минато Италија преживеала миграции, инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала нација-држава.

Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна. Италија е родно место на операта. Исто така земјата е родно место на најголем број на Светски наследства на УНЕСКО (48). Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, 216 археолошки наоѓалишта, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски градски центри и многу повеќе. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Türbe near Colored Mosque, Tetovo.jpg
Турбето на анамата Хуршиде (XVI век) во дворот на Шарената џамија во Тетово.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Модел на ботулинскиот невротоксин, серотип A (ботокс)
На денешен ден…

Денес е 7 февруари 2023 г.

Настани:

1947  Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна.
1965  Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам.
1991  Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава.
1992  Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба позната како Мастришкиот договор (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија.

Родени:

1102  Матилда — ќерка на Хенри I.
1478  Томас Мор — англиски хуманист, државник и писател.
1693  Ана — руска царица.
1812  Чарлс Дикенс — англиски писател.
1814  Адолф Сакс — белгиски призводител на дувачки инструменти, изумител на саксофонот.
1870  Алфред Адлер — австриски лекар и психолог.
1885  Синклер Луис — американски писател.
1889  Јозеф Торак — австриско-германски вајар.
1901  А. ден Долард — холандски писател.
1913  Оскар Данон — југословенски композитор и диригент.
1927  Душан Вукотиќ — југословенски аниматор.
1938  Петар Глигоровски — македонски сликар.
1942  Марија Воденска — македонска писателка и поетеса.
1978  Ештон Кучер — американски глумец.
1988  Магнус Јондал — норвешки ракометар.
1989  Ник Калатес — грчк0-американски кошаркар.
1989  Елија Вивијани — италијански велосипедист.
1990  Далајла Мухамад — американска атлетичарка.
1997  Николо Барела — италијански фудбалер.

Починале:

590  Пелагиј II — римски папа.
1864  Вук Стефановиќ Караџиќ — реформатор на српскиот литературен јазик.
1876  Партенија Зографски — прв македонски учебникар, филолог, фолклорист.
1878  Пиј IX — римски папа.
1908  Мануш Георгиев Турновски — македонски револуционер.
1942  Иван Билибинруски илустратор на сказни и сценограф.
1944  Христијан Тодоровски - Карпошнароден херој на Македонија.
1973  Никола Мартиноски — македонски ликовен уметник, педагог и академик.
1995  Шишман Ангеловски — македонски драмски и телевизиски артист.
1997  Лазар Манчевски - Пинџур — македонски поет и раскажувач.
1999  Хусеинкрал на Јордан.
2010  Михаило Марковиќ — југословенски и српски филозоф.
2013  Крсто Папиќ — хрватски режисер.
2019  Алберт Финибритански глумец.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич