Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 132.987 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Halobacteria.jpg

Археидомен на едноклеточни, микроскопски организми. Тие, како и бактериите, се прокариоти, што значи дека немаат клеточно јадро ниту мембрански органели.

Археите првично биле класифицирани како бактерии, под името архебактерии (во царството Архебактерии, лат. Archaebacteria), но оваа класификација е застарена. Клетките на археите имаат уникатни својства кои ги одделуваат од другите два домени на животот, бактериите и еукариотите. Археите понатаму се поделени на повеќе колена. Класификацијата е тешка бидејќи мнозинството видови не се изолирани во лабораторија, а биле детектирани само со анализа на нивните нуклеински киселини во примероци од нивната средина.

Археите и бактериите обично се слични по големина и форма, иако неколку археи имаат многу чудни облици, како што се плоснатите и коцкестите клетки на Haloquadratum walsbyi. И покрај оваа морфолошка сличност со бактериите, археите поседуваат гени и неколку метаболни патишта кои се поблиски со оние на еукариотите, како, на пример, ензимите вклучени во транскрипцијата и транслацијата. Другите аспекти на биохемијата на археите се уникатни, како што е присуството на етерски липиди во нивните клеточни мембрани. Археите користат повеќе извори на енергија од еукариотите; тие варираат од органски соединенија, како што се шеќерите, до амонијак, метални јони, па дури и водороден гас.

Археите толерантни на хиперсалинитет (Haloarchaea) користат сончева светлина како извор на енергија, а други видови археи го врзуваат неорганскиот јаглерод; сепак, за разлика од растенијата и цијанобактериите, не се откриени видови на археи кои ги вршат и двете активности заедно. Археите се размножуваат бесполово, со проста делба, фрагментација или пупење; за разлика од бактериите и еукариотите, не се познати видови кои формираат спори. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Lemon - whole and split.jpg
Лимон — цел и пресечен.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Латинското Царство и неговите соседи во 1204 г.
На денешен ден…

Денес е 28 јануари 2023 г.

Настани:

1821  Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1871  Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
1878  Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот.
1918  Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша Декрет за формирање на Црвената армија.
1945  Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986  Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.

Родени:

1457  Хенри VII — англиски крал
1540  Лудолф ван Цојлен — германски математичар, познат по своите пресметки на бројот π
1600  Папа Климент IX — римски папа.
1717  Мустафа III — 26. султан на Отоманското Царство.
1887  Артур Рубинштајн — полско-американски пијанист.
1912  Џексон Полок — американски сликар.
1928  Славко Милосавлевски — македонски социолог.
1936  Исмаил Кадаре — албански писател.
1949  Грег Попович — американски кошаркарски тренер.
1955  Никола Саркози — француски политичар, 23. претседател на Франција
1957  Мирјана Карановиќ — српска и југословенска глумица.
1959  Патрицио Олива — италијански боксер.
1975  Тим Монтгомери — американски атлетичар.
1978  Џанлујџи Буфон — италијански фудбалер.
1978  Џејми Карагер — англиски фудбалер.
1982  Михаел Гигу — француски ракометар.
1984  Андре Игуодала — американски кошаркар.
1985  Славица Ќуктераш — српска пејачка.
1988  Адријано Малори — италијански велосипедист.
2000  Душан Влаховиќ — српски фудбалер.

Починале:

592  Гунтрам — крал на Франките.
1547  Хенри VIII — славен крал на Англија.
1919  Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија.
1972  Дино Буцати — италијански писател.
1996  Јосиф Бродски — руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
1997  Антонио Каладо — бразилски писател и новинар.
2006  Душко Трифуновиќ — српски поет.
2016  Пол Кантнер — американски рок-музичар, член на групата „Џеферсон ерплејн“ (Jefferson Airplane).
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич