10 години НаТочак! | 10 years OnBike!

Вчера се одржа 90-та скопска критична маса и воедно одбележување на 10 годишнината од постоењето на граѓанската иницијатива НаТочак која го промовира велосипедот како рамноправно превозно средство на моторните возила во сообраќајот.

Атмосферата беше како и секогаш весела, надополнета со многу нови учесници кои воопшто не беа ни родени пред 10 години кога прв пат возевме заедно :) Завршивме во МКЦ каде го видовме и новиот вело-паркинг поставен на местото на неколку паркинг места за автомобили, кој наеднаш се пополни кога пристигнавме. DJ Flooder направи супер журка, а 10 годишнината покрај собирањето беше одбележана и во фоајето на кино Фросина во кое беа изложени сите досегашни 90 промотивни постери на извозените критични маси, додека во самото кино беа прикажувани видеа од досегашните возења.

Драги НаТочак, ви благодариме за вашиот труд, за упорноста и за уште едно разубавување на Скопје! Да се множат! <3

English translation available at the end of the post.

Повеќе | More >
1 2 3 159