Избрана статија за оваа седмица
|
Кир Велики (576 или 590 – август 529 п.н.е.) — персиски цар од иранската династија Ахемениди, војсководец, законодавец и основоположник на персиското царство. За време на своето владеење го проширил царството на поголем дел од југозападна и централна Азија, од Египет и Босфор на запад до реката Инд на исток, и го создал првото и најголемо царство на стариот век. Во текот на своето владеење, кое траело три децении, Кир ги освоил некои од најголемите кралства на тоа време, како Лидија, Медија и Вавилон, и водел воени експедиции во Средна Азија, каде ги покорил сите народи. Но тој не отишол во поход против Египет, ниту против европска Грција, како што тоа го направиле неговите следбеници Камбиз II и Дариј I Велики. Според Херодот, Кир загинал во битката против Скитите, во летото 530 или 529 година п.н.е. Него го наследил синот Камбиз II, кој го освоил Египет во текот на своето релативно кратко владеење. Кир бил следбеник на зороастриската религија. Освен силното влијание врз персиската историја, Кир влијаел и врз јудаизмот, човековите права, политиката и воената стратегија и врз вкупната источна и западна цивилизација.
Слично на хероите од другите култури и основоположниците на големите царства, така и за Кир Велики постојат бројни легенди за неговото потекло и семејството. Според Херодот, Кир бил внук на медијскиот крал Астијаг и бил одгледан во скромно овчарско семејство. Според друга легенда, тој потекувал од сиромашно семејство и работел на медијскиот двор. Легендите се сосема контрадикторни на сопствените сведочења на Кир, според кој, тој го наследил престолот на својот татко, дедо и прадедо.
Името Кир е латинизиран, односно хеленизиран збор од староперсиското име Куруш. Античките историчари Ктезиј и Плутарх наведуваат дека Кир го добил своето име од зборот Курос, што значи „Сонце“ или „Сличен на сонце“, т.е. со персиската именка за сонце – Кхор, стои и наставката – ваш, што значи сличност. Модерните историчари, како Карл Хофман и Ридигер Шмит, во Енциклопедија Ираника, сметаат дека името Кир значи „вербален победник“. (Дознајте повеќе...)
|
Слика на денот
|
Новоизведена обична трендафилка ( Pachliopta aristolochiae) во Харинави, Западен Бенгал.
|
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
|
На денешен ден…
|
Денес е 28 јули 2022 г.
Настани:
1821
|
Перу прогласува независност од Шпанија.
|
1858
|
За првпат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи.
|
1914
|
Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австроунгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австроунгарија да и објави војна на Србија. Три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција.
|
1937
|
Јапонците во текот на Кинеско-јапанската војна го заземаат Пекинг.
|
1945
|
Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.
|
1976
|
Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе.
|
Родени:
Починале:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
|
|