Ханза — трговски и одбранбен сојуз на трговски еснафи и нивните градови, кои ја воделе трговијата долж брегот на Северна Европа. Се протегал од Балтичкото до Северното Море, како и во внатрешноста кон крајот на средниот век и почетокот на новиот период (од XIII до XVII век).
Сојузот бил создаден да ги заштита економските интереси и дипломатски користи во градовите и земјите долж трговските патишта кои ги посетувале трговците. Градовите на Ханзата имале нивен правен систем и поседувале заедничка војска за заедничка заштита и помош. И покрај овие карактеристики, организацијата не била град-држава, ниту може да се нарече конфедерација на градови-држави; само мал број на градовите во сојузот поседувале автономија и слобода споредена со слободните царски градови.