Избрана статија за оваа седмица
|
Јагуар — голема мачка од родот пантери. Ова е единственото животно од родот пантери кое живее во Америка. Јагуарот е трета најголема мачка, зад тигарот и лавот, и најголема и најмоќна мачка во западната полутопка. Денешната распространетост на јагуарот се протега од Мексико преку поголемиот дел на Средна Америка, до Парагвај и северна Аргентина. Освен една позната популација во Аризона (југозападно од Тускон), оваа голема мачка изумрела во САД за време на раните 1900-ти. Сепак постои голема можност ненабљудувани популации на јагуар да живеат во јужна Аризона, Ново Мексико па дури и Тексас.
Оваа дамчеста мачка физички доста е слична со леопардот, иако најчесто е поголема. По однесувањето и живеалиштето многу е поблиска до тигарот. Омилено живеалиште на јагуарот се густите дождовни шуми, но го среќаваме и во многу други шумски и отворени животни средини. Секогаш живее во близина на вода, и како тигарот, е една од ретките мачки кои уживаат во пливањето. Јагуарот е самотно животно, грабливец кој напаѓа од заседа и опортунист во поглед на избирање на пленот. Овие животни се и познати врховни грабливци кои играат голема улога во стабилизирање на екосистемите и регулирање на бројноста на популациите на нивниот плен. Јагуарот има развиено исклучително моќен загриз, дури и во споредба со останатите мачки. Ова му овозможува да го крши оклопот на некои рептили и да употребува специфичен метод на убивање – тој директно го загризува черепот на пленот со што нанесува фатален удар на мозокот. (Дознајте повеќе...)
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
|
На денешен ден…
|
Денес е 12 јуни 2022 г.
Настани:
1691
|
Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III.
|
1798
|
Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.
|
1812
|
Наполеон Бонапарт, француски цар, на чело на „Големата армија“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија.
|
1898
|
Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година.
|
1944
|
Кај селото Стрмашево, Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред „Бенковски“. Во оваа борба загина и Коце Стојановски - Металец, истакнат борец и револуционер.
|
1945
|
Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.
|
1946
|
Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле.
|
1964
|
Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата.
|
1976
|
При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.
|
1991
|
Борис Елцин е избран за претседател на Русија.
|
1993
|
Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
|
1997
|
Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
|
2001
|
Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства.
|
2016
|
Најмалку 50 луѓе биле убиени и 53 други повредени во напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Напаѓачот бил убиен од полициските сили.
|
Родени:
Починале:
Празници:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
|
|