1 век

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од I век)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
< 1 век п.н.е. 1 век 2 век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
Источната полутопка во 50 г. (средина на 1 век)
Источната полутопка во 100 година (крај на 1 век)

1 век започнал на 1 јануари 1 год. и завршил на 31 декември 100 год. Честопати е напишан како 1 век од н.е. или I век од н.е. за да се разликува од I век п.н.е. кој му претходел. 1 век се смета за дел од класичната антика.

Во текот на овој период, Европа, Северна Африка и Блискиот Исток потпаднале под доминација на Римското Царство, која продолжила да се шири, и ја освоила Британија за време на царот Клавдиј (43 г.).[1] Реформите кои ги вовел Август за време на неговото долго владеење ја стабилизирале империјата по превирањата од граѓанските војни од претходниот век. Подоцна, во овој век дошло до крајот на Јулиевско-Клавдиската династијата, која била основана од Август, а завршила со самоубиството на Нерон во 68 год.[1] По владеењето на Јулиевско-Клавдиската династијата, следела познатата Година на четворицата императори, која била краток период на граѓанска војна и нестабилност, и била конечна окончана од Веспазијан, деветтиот римски цар и основач на Флавиевската династија.[1] Генерално, Римското Царство доживеало период на просперитет и доминација, па затоа првиот век бил запаметен како дел од златното доба на империјата.

Во првиот век се појавило христијанството.

Во Кина продолжила доминацијата на династијата Хан, и покрај четиринаесетгодишниот прекин од династијата Син под Ванг Манг. Владеењето на Хан било обновено во 23 година. Владеењето на Ванг Манг значело раздвојување помеѓу Западниот/Поранешниот Хан и Источниот/Подоцнежниот Хан. Главниот град исто така бил преместен од Чанган во Луојанг.[2]

Регионални настани и политика[уреди | уреди извор]

Настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Бронзена статуа на Октавијан Август
Антонија Помладата
Калигула
Клавдиј
Веспазијан
Сенека Постариот
Плутарх
Исус Христос
Апостол Павле

Литература[уреди | уреди извор]

Наука и филозофија[уреди | уреди извор]

Откритија[уреди | уреди извор]

  • Кодексот, првиот облик на современата книга, се појавува во Римското Царство.
  • 78 - Почетокот на Сака Ера што се користи од страна на јужноазиски календари.
  • Употреба на книговезката.
  • Различни пронајдоци од Херон Александриски, вклучувајќи ја и парната турбина, хидраулата и разните други машини со погон на вода.
  • 31 - Кинескиот инженер и државник на династијата Хан, Ту Ши од Нанјанг, ги измислил првите познати дувалки на хидрауличен погон за греење на печката за топено железо. Тој употребил комплексен механички уред кој бил напојуван од брз проток на вода низ водно тркало.
  • Иако Филон Византиски ја опишал пумпата со синџири на почетокот на 2 век п.н.е., во текот на овој век во Кина била измислена пумпата со синџири, спомната прво од филозофот Ванг Чонг околу 80-тите години. Ванг Чонг исто така точно го опишал хидролошкиот циклус во метеорологијата и расправал против теоријата на „радијационо влијание“ за затемнувањето на сонцето, која била прифатена од многумина, вклучувајќи го и Џанг Хенг.
  • Кинескиот астроном Лиу Ксин меѓу другото документирал 1080 различни ѕвезди.
  • При крајот на првиот век кодексот го заменува свитокот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 202–218.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.
  3. Pentecost, J. Dwight (1981). The Words and Works of Jesus Christ: A Study of the Life of Christ. Zondervan. стр. 577–578.
  4. Köstenberger, Andreas J. (2004). John. Baker Academic. стр. 110.
  5. Eerdmans Dictionary of the Bible. Amsterdam University Press. 2000. стр. 249. ISBN 90-5356-503-5.
  6. Maier, Paul L. (1989). The Date of the Nativity and Chronology of Jesus" in Jerry Vardaman and Edwin M. Yamauchi, Chronos, kairos, Christos: nativity and chronological studies. стр. 113–129. ISBN 0-931464-50-1.
  7. Anderson, Paul N. (2011). The Riddles of the Fourth Gospel: An Introduction to John. стр. 200. ISBN 0-8006-0427-X.
  8. Knoblet, Jerry (2005). Herod the Great. стр. 183–184. ISBN 0-7618-3087-1.
  9. Robert Tomson Fortna, Tom Thatcher (2001). Jesus in Johannine tradition. стр. 77. ISBN 978-0-664-22219-2.
  10. Barnett, Paul (2002). Jesus & the Rise of Early Christianity: A History of New Testament Times. стр. 19–21. ISBN 0-8308-2699-8.
  11. Andreas J. Köstenberger, L. Scott Kellum (2009). The Cradle, the Cross, and the Crown: An Introduction to the New Testament. стр. 77–79. ISBN 978-0-8054-4365-3.
  12. Rainer Riesner (1997). Paul's early period: chronology, mission strategy, theology. стр. 19–27. ISBN 978-0-8028-4166-7.
  13. Bromiley, Geoffrey William (1979). International Standard Bible Encyclopedia: A-D (International Standard Bible Encyclopedia (W.B.Eerdmans)). Wm. B. Eerdmans Publishing Company. стр. 689. ISBN 0-8028-3781-6.
  14. Barnett, Paul (2002). Jesus, the Rise of Early Christianity: A History of New Testament Times. InterVarsity Press. стр. 21. ISBN 0-8308-2699-8.
  15. L. Niswonger, Richard (1993). New Testament History. Zondervan Publishing Company. стр. 200. ISBN 0-310-31201-9.