Месечината — единствениот природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Со околу една четвртина од пречникот на Земјата (споредливо со ширината на Австралија), таа е најголемиот природен сателит во Сончевиот Систем во однос на големината на неговата планета, петти по големина сателит во Сончевиот Систем, и е поголема од која било позната џуџеста планета. Месечината е објект со планетарна маса кој формирал диференцирано карпесто тело, што ја прави сателитска планета според геофизичките дефиниции на терминот.
На Месечината и недостасува значајна атмосфера, хидросфера или магнетно поле. Нејзината површинска гравитација е околу една шестина од Земјината (0,1654 g); Јупитеровата месечина Ија е единствениот сателит во Сончевиот Систем за која се знае дека има повисока гравитација и густина. (Дознајте повеќе...)