Плима и осека — растот и снижувањето на морското ниво предизвикано од заедничкото дејство на гравитационите сили на Месечината и Сонцето и ротацијата на Земјата.
Некои крајбрежја имаат две скоро подеднакви плими и осеки секојдневно, наречени полудневни плими. Некои места пак имаат само по една плима и осека дневно, наречени дневни плими. Некои пак места имаат две временски нееднакви плими и осеки дневно, или пак една плима и осека дневно, овие се наречени мешани плими. Времето и висината на плимата на одредено место зависат од подреденоста на Сонцето и Месечината, од плимите во длабокиот океан, од амфихидромните системи на океаните, и од формата на крајбрежјето и самата батиметрија.
Плимите имаат променлив временски карактер од неколку часа па се до неколку години и сето ова зависи од бројни влијанија. За да се направат прецизни записи, плимни направи се поставуваат на одредени мерни станици за да се мери водостојот со текот на времето. Направите ги занемаруваат промените предизвикани од брановите со периоди пократки од неколку минути. Овие податоци се сппоредуваар со еден одреден датум водостој кој се нарекува главно морско ниво. (Дознајте повеќе...)