Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 125.986 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Дел од платното од Торино со главата на ликот.

Торинското платно — ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека тоа e крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.

Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за прв пат проучена вечерта на 28 мај 1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа.

Платното е предмет на интензивна дебата помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година Папата Пиј XII, заедно со Католичката црква, дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептичните луѓе веруваат дека ова платно е обична средновековна лажга, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции.

Врз платното биле извршени различни тестови. Тестирањата со радиојаглерод во 1988 година извршени од три независни тимови научници изјавиле дека платното е создадено во средновековието, околу 1300 години по смртта на Исус. По ова тестирање произлегле големи реакции за точноста на испитувањето, најмногу од Хери Е. Гов. Следните анализи биле објавени во 2005 година тврдат дека примероците кои ги зеле научниците не се од самото платно. Самото платно било оштетено од оган за време на средновековието, па според тоа анализите објавени во 2005 година посочуваат дека поради оганот на платното биле додадени јаглеродни материјали што резултирало со поголема радиојаглеродна материја. (Дознаје повеќе...)


Слика на денот
2014.03.29.-08-Mannheim Neckarau Waldpark-Wiesen-Schaumkraut.jpg
Ливадска пенливка (Cardamine pratensis)
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Турбето на Синан Челеби во Охрид
На денешен ден…

Денес е 21 март 2022 г.

Настани:

1413  Хенри V станува крал на Англија.
1829  Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе.
1884  Во Франција се легализирани синдикатите.
1918  Прва светска војна - Започнува втората битка на реката Сома.
1960  Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1963  Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија.
1977  Индиската премиерка Индира Ганди поднесе оставка на функцијата.
1990  Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1998  Основана е Демократската алтернатива.
1999  Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон.
2000  Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле II допатува во прва официјална посета на Израел.
2006  Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот.
2013  Џастин Велби устоличен како Архиепископ Кантербериски - поглавар на Англиканската црква.
2014  Крим влегува во состав на Руската Федерација како Република Крим, по референдумот од 16 март истата година, каде огромно мнозинство од народот искажало поддршка за отцепување од Украина и припојување кон Русија.

Родени:

1713  Франсис Левис — американски пејач.
1768  Жозеф Фурје — француски математичар и физичар.
1801  Марија Тереза од Тосканакралица на Сардинија.
1806  Бенито Хуарез — претседател на Мексико.
1817  Жозеф Пуларт — белгиски архитект.
1839  Модест Мусоргски — руски композитор.
1881  Роже Мартен ди Гар — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1937 година.
1887  Лајош Касак — унгарски писател и сликар.
1913  Иван Горан Ковачиќ — хрватски поет.
1931  Блаже Ристовски — македонски академик.
1935  Томас Шапкот — австралиски поет, романописец и драматург.
1942  Киро Донев — македонски писател за деца.
1949  Славој Жижек — словенечки марксистички филозоф.
1954  Ирфан Беќур — македонски поет.
1958  Марлиз Гер — германска атлетичарка.
1960  Ајртон Сена — бразилски возач, светски шампион во „Формула 1“.
1961  Лотар Матеус — германски фудбалер.
1962  Метју Бродерик — американски глумец.
1963  Роналд Куман — холандски фудбалер и тренер.
1967  Мирослав Пецарски — српски и југословенски кошаркар.
1968  Скот Вилијамс — американски кошаркар.
1980  Роналдињо — бразилски фудбалер.
1988  Адријан Курек — полски велосипедист.
1991  Антоан Гризман — француски фудбалер.
1991  Ника Пилиев — руски фудбалер.
1992  Каролина Плишкова — чешка тенисерка.

Починале:

1556  Томас Кранмер — водач на Англиската реформација.
1656  Џејмс Ашер — англиски архиепископ.
1762  Никола Луј де Лакај — француски астроном.
1910  Надар — француски фотограф.
1915  Фредерик Тејлор — американски машински инженер.
1936  Александар Глазунов — руски композитор и диригент.
1938  Џон Бејтс Кларк — американски економист.
1987  Роберт Престон — американски глумец.
1991  Ведат Далокај — турски архитект.
1994  Лили Дамите — француска глумица.
1994  Дак Рамбо — американски артист.
1998  Галина Уланова — руска балерина.
2013  Пјетро Менеја — италијански атлетичар и политичар.

Празници:

Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич