Месечина — единствен природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Со околу една четвртина од пречникот на Земјата (споредливо со ширината на Австралија), таа е најголемиот природен сателит во Сончевиот систем во однос на големината на неговата планета, петти по големина сателит во Сончевиот систем, и е поголема од која било позната џуџеста планета. Месечината е објект со планетарна маса кој формирал диференцирано карпесто тело, што ја прави сателитска планета според геофизичките дефиниции на терминот. На Месечината и недостасува значајна атмосфера, хидросфера или магнетно поле. Нејзината површинска гравитација е околу една шестина од Земјината (0,1654 g); Јупитеровата месечина Ија е единствениот сателит во Сончевиот Систем за која се знае дека има повисока гравитација и густина.
Орбитира околу Земјата на просечно растојание од 384,400 км или околу 30 пати поголемо од пречникот на Земјата, нејзиното гравитациско влијание малку го продолжува денот на Земјата и е главниот двигател на плимата и осеката на Земјата. Орбитата на Месечината околу Земјата има орбитален период од 27,3 денови. За време на секој период од 29,5 денови, количината на видлива површина осветлена од Сонцето варира од 0 до 100%, што резултира со лунарни фази кои ја формираат основата за месеците од месечевиот календар. Месечината е плимно заклучена за Земјата, што значи дека должината на целосната ротација на Месечината околу сопствената оска предизвикува нејзината иста страна (блиската страна) секогаш да биде свртена кон Земјата, а нешто подолгиот лунарен ден е ист како орбиталниот период. Според тоа, 59% од вкупната површина на Месечината може да се види од Земјата преку поместувања на поради либрација. (Дознајте повеќе...)
...дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварско Пожаране?
...дека Јужен Судан е најмладата држава во светот?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен вo XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.