Википедија:Проверливост
„ | „Доверяй, но проверяй!“ — руска изрека (Верувај, ама провери!) | “ |
За да може некој податок да биде вклучен во Википедија потребно е да биде проверлив. „Проверливоста“ во овој контекст би значела дека секој читател мора да биде во состојба да провери дека податокот / содржината која е додадена во некоја статија претходно е објавена од страна на некој доверлив извор, затоа што Википедија не објавува оригинални идеи ниту пак служи за објавување на оригинални истражувања.
Википедија:Проверливоста е едно од трите основни правила на Википедија во поглед на нејзината содржина. Другите две правила се: Без оригинални истражувања и Википедија:Неутрална гледна точка. Заедно, овие три правила го одредуваат типот и квалитетот на материјалот кој може да биде објавен во главниот именски простор. Овие три правила не треба да се гледаат одвоено, секој уредник треба да ги има во предвид истовремено трите правила. Овие три правила се непроменливи и не може да ги „надгласа“ никое друго правило ниту пак договор помеѓу уредувачите.
Правило[уреди извор]
|
Кога додавате одредено сознание[уреди извор]
Проверката на фактите бара доста време. Неразумно е да се очекува од другите корисници да ги бараат изворите за да ја проверат Вашата работа, посебно ако првобитната содржина е значително изменета. Докажувањето е обврска на уредувачот кој ги извршил измените. Од тие причини уредувачите треба да бидат јасни, да избегнуваат двосмислени зборови, и да наведуваат референци. Пример:
Портпаролот за човекови права изјави дека инцидентот е дел од пошироката форма на насилство во регионот.
Оваа изјава е тешко проверлива. Најверојатно многу други гласноговорници го коментирале посочениот инцидент и не е разумно да се очекува од другите корисници на Википедија да ги проверуваат сите можни изјави за да ја пронајдат токму оваа изјава. Во таа насока коректно би било да запишеме:
Мирјана Најчевска од организацијата Хелсиншки комитет на Македонија изјави: „Ова е дел од растечкиот тренд во Македонија на насилни протести и подеднакво насилни одговори“. (Канал 4, 8 јули 2000) [1]
Ова е лесно да се провери. Линкот кон целата изјава е наведен, читателите и уредувачите можат да го контактираат Канал 4 ако сакаат, покрај другото даден е и точниот цитат, па може да се употреби за пребарување на Интернет.
Степени на проверливост[уреди извор]
Постојат повеќе степени на проверливост. На една страна се фактите кои може да ги провери било кој уредувач релативно брзо за што се доволни само ресурсите достапни на интернет или во некоја локална библиотека. На друга страна се наоѓаат фактите кои можат да се проверат само од страна на експерти во дадената област.
Во принцип, треба да се има во предвид кои се лицата кои најверојатно ќе земат учество во уредувањето на статијата, статијата треба да е проверлива за тие лица. Значи, статијата од областа на социологијата во себе може да содржи материјал кој може да биде потврден само од страна на социолози или пак само врз потпирање на некои стандардни текстови од областа на социологијата. Меѓутоа, веројатно не би требало во себе да содржи нешто што може да го потврди само лекар од специјална пракса, бидејќи не може да сметате дека некој ќе го поминува своето време читајќи ги и исправајќи ги нашите грешки од областа на социологијата.
Доколку пишувате за некоја тема која е општо позната, може да бидете поопуштени околку прашањето за проверливост, бидејќи најверојатно поголемиот дел од уредувачите на статијата сигурно се добро информирани за таа тема. Но ако пишувате за помалку познати теми, најверојатно повеќето корисници никогаш не слушнале за тие работи, па ќе морате да ги наведете вашите извори.
Утврдување на проверливоста[уреди извор]
Постојат повеќе причини зошто да се провери некој податок или изјава од статијата:
- Авторот на статијата е познат по давање на неточни податоци или податоци кои можат да доведат до заблуда.
- Авторот е во состојба на конфликт на интереси.
- Во статијата постојат грешки и треба да се провери целиот текст.
- Статијата е предмет на расправа за точноста.
- На прв поглед изгледа дека тврдењето не е веројатно.
- Тврдењето е клучно за целокупната содржина.
- Тврдењето е премногу неодредено.
Ова е предлог постапка за проверка на содржината.
- Ако наидете на скорешна промена и не сте сигурни дали промената е точна или не, додадете ја статијата и разликата во Википедија:RC patrol
- Ако почуствуавте нагон да отстраните некое тврдење во постоечка статија, прво проверете ги референците на крајот од статијата.
- Ако се наведени референци, проверете го изворот. Ако може да си дадете потврден одговор дека изјавата се користи со тие извори, оставете ја, во спротивно продолжете понатаму.
- Ако постои нешто на страницата за разговор, тогаш разгледајте ја и неа. Тврдењето можеби веќе е проверено, па нема потреба да ја повторувате постапката. Меѓутоа, ако референцата е наведена само на страницата за разговор, тогаш преместете ја во самата статија, за да им помогнете на оние кои во иднина ќе се најдат во слична ситуација.
- Логички размислувајте што се ви е потребно за да ги проверите наведените податоци, Ако со помош на логичко расудување може да ги верификувате наведените податоци можете да ги оставите, во спротивно продолжете понатаму.
- Преместете ја или прекопирајте ја изјавата на страницата за разговор давајќи при тоа објаснување дека не сте успеале да ја потврдите изјавата при што ќе ги наведете и изворите кои сте ги провериле.
- Евентуално проверете ја и историјата на статијата за да видите кој всушност ја дал спорната изјава и оставете порака на неговата страница за разговор објаснувајќи дека неговата изјава е оспорена и упатете ги на соодветната страница за разговор.
- Сега секој треба да се чуствува слободен да ја провери изјавата и да посочи соодветна референца на страницата за разговор.
- Ако само сте ја копирале изјавата, почекајте неколку дена (7-10) и потполно тргнете ја од статијата. Не се грижете и понатаму ќе се наоѓа на страницата за разговор.
- Ако некој пронајде соодветна референца, изјавата треба да ја врати во статијата, со наведување на референцата. Со цел јасно да се стави на знаење која изјава со која референца се користи, не би било лошо да ги нумерирате референците, па кога се повикувате ма нив во статијата тоа го правите со [1] или 1. Ако никој не пронајде соодветна референца, изјавата може да си остане на страницата за разговор.
Кога нешто успешно сте потврдиле, размислете да извршите измени или во самата статија или на страницата за разговор, со цел на следниот читател да му олесните доколку се најде во слична ситуација.
Сомнителни извори[уреди извор]
За било која енциклопедија, изворите треба да будат непобитни. Енциклопедијата не се заснова само на материјали од еден извор. Авторите на енциклопедијата не спроведуваат оригинални истражувања. Според тоа, било што што ќе се вклучи во енциклопедијата треба претходно да биде објавено во еден или повеќе извори кои треба да ги наведеме во самата статија за да може секој кој ќе посака да изврши проверка или поблиску да се запознае со нив. Неверојатните, необичните и неконвенционалните тврдења бараат прилично јаки извори.
Понекогаш некој исказ може да се провери само на место со сомнителна доверливост, на пример ("блог") или жолт печат (таблоиди). Ако исказот е небитен, тогаш едноставно тргнете го од статијата— нема потреба да се трошат зборови на тврдења кои се со ограничен интерес и сомнителна вистинитост. Но ако баш мора да ги задржите овие искази, тогаш јасно назначете кои се изворите на овие тврдења. Пример:
- Според блогот "Тинтири минтири", просечниот Македонец стапува во брак после триесетата година а своето прво сексуално искуство го стекнува на 17 години.
Треба да имате на ум дека било кој може релативно лесно да направи блог и да тврди дека е експерт за одредена област, или да направи некое граѓанско здружение од типот на: експерти за човекови права, религиозно здружение, спортско друштво и сл. Денес постојат милиони блогови. Според тоа треба да се направи проценка, дали изворот е доверлив.
Во поглед на проверливоста и доверливоста поставете си ги следниве прашања: дали изворот е некој познат стручњак во дадена област? Дали изворот има груби грешки? Дали изворот ги следи новинарските или академските стандарди на етичко истражување? Во случај на извор кон кој се референцира поради изразување на мислење поставете си ги следниве прашања: дали изворот е значаен (познат, релевантен)? Дали е репрезент на голема група на луѓе?
Погледнете ја исто така и статијата за доверливи извори.
Проверливост, а не вистина[уреди извор]
Статиите во Википедија би требало да се однесуваат на фактите, тврдењата, теориите, идеите, мислењата и аргументите кои веќе ги објавил некој доверлив или почитуван издавач. Мерило за вклучување е проверливоста, а не вистината.
Добар начин за правење разлика помеѓу проверливост и вистина е следниов пример. Да претпоставиме дека пишувате статија за теоријата X на некој познат физичар. Теоријата X ја објавиле академски списанија. Според тоа оваа теорија е соодветен материјал за статија во Википедија. Но во текот на пишување на статијата, лично се сретнувате со овој физичар, и додека пиете кафе со него, тој ви вели: "Во суштина, сметам дека теоријата Х е ѓубре". Иако ова сте го слушнале од самиот автор, фактот дека тој тоа ви го кажал не можете да го влкучите во статијата. Читателите не знаат кој сте вие. Не може да го оставите својот број на телефон за да може секој заинтересиран директно да се јави и да ја провери изјавата. Дури и кога би можело, зоошто би ви верувале?
Да претпоставиме дека сте цврсто убедени дека ова ново сознание треба да биде објавено на Википедија, бидејќи ако тоа не го направите не би било чесно и професионално. Како би можеле тоа да го направите? За да овој податок биде прифатлив за Википедија, би морале да стапите во контакт со некој издавач на весник или некоја агенција со добар глас, пример значајните весници во Македонија: Дневник, Утрински весник, ... и нив да им објасните што ви рекол Физичарот. Можеби имате тонски запис од разговорот кој што ќе го приложите, или можеби тие ќе ве интервјуираат. Што и да изберат, вашата приказна ќе помине низ систем на проверки, слично како кога нешто се објавува во некое стручно академско списание, вашата приказна би ја проверил некој новинар, уредникот на весникот, веројатно и нивните адвокати и главниот и одговорен уредник. Физичарот би добил можност да одговори, исто и неговиот издавач, а би бил побаран и коментар од другите членови на академската заедница. Овој начин на контрола и рамнотежа постои за да се осигура дека во весниците ќе се појават точни, вистинити и чесни приказни. Овој процес Википедија не е во состојба да го понуди и од тие причини многу е вашно Википедија правилото: без оригинални истражувања.
Друга приказна е тоа што поголемиот број од весниците во Македонија не ги задоволуваат овие критериуми, па така речиси по правило секојдневно се објавуваат тенденциозни и непроверени и инепроверливи информации кои имаат за цел да манипулираат со својата некритична читателска публика. Исто така недостатокот на професионални здруженија кои објавуваат стручни списанија од својата област на македонски јазик поради малубројно членство и недостаток на финансиски средтсва, битно се отсликува на можноста за проверливост на исказите и податоците. Дополнителна отежнувачка околност е непостоењето на конзистентност и перманентно одржување на официјалните веб страници на државните органи, почнувајќи од највисоките државни органи па до органите на локална управа, т.е. речиси по правило после менување на владејачката гарнитура се менува и добар дел од податоците на мрежните места на соодветните органи.
Ако некој од весниците ја објави вашата приказна, во тој случај би можеле податоците да ги вклучите во вашата статија на Википедија. Меѓутоа, ако не можете да најдете некого кој би ја објавил вашата приказна, или ако можете да обезбедите објавување во извор кој нема добар глас, тогаш на вашиот материјал не му е место во Википедија, дури и ако знаете дека е вистинит.
Тешко проверливи теми[уреди извор]
Проверливоста се доведува во знак на прашање кога се работи за статии кои содржат тешко проверливи факти или информации. Ако една статија покрива проблематика, чии факти и информации никогаш претходно не се објавени некаде, или се објавени во извори со сомнителен кредибилитет тогаш тешко се потрвдува вистинитоста на таквите факти и информации. Нивната проверка бара примена на оригинални истражувања, но во правилото Што не е Википедија се вели дека Википедија не е место за објавување на оригинални истражувања. Неможноста за проверка според тоа е доволна за бришење на ваквите содржини.
Некои Википедијанци тврдат дека проверливоста е единствен критериум за одлучување дали некоја содржина треба да биде задржана или не, па според нив секој проверлив факт треба да биде внесен во статијата. Тие често пати аргументираат дека Вики не е хартија - пред се мислејќи на фактот дека не постои просторно ограничување.
Некои други Википедијанци тврдат дека критериумот за проверливости не е доволен, па мора да се вклучат и други услови. Првенствено се нагласува значењето на исказот. Исто така се тврди дека потпирањето на правилото на проверливост води кон тенденција на собирање на интересни но небитни ситници. Пример, трачевите можат да се проверат во бројни дневни весници, додека пак настаните од минатото тешко се проверуваат во автентични документи. Тие сметаат дека овој пристап е лош бидејќи води кон намалување на кредибилитетот на целиот проект.
Сепак, само затоа што некоја информација може да се провери, не значи дека Википедија е вистинско место за нејзино објавување.
Поврзано[уреди извор]
- Што не е Википедија
- Критериуми за вклучување на биографии и
- Автобиографија за разјаснување кои критериуми се користат при одлучување дали да се вклучат биографски статии.
|