2013
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
Грегоријански календар | 2013 MMXIII |
Ab urbe condita | 2766 |
Ерменски календар | 1462 ԹՎ ՌՆԿԲ |
Асирски календар | 6763 |
Бахајски календар | 169–170 |
Балиски календар | 1934–1935 |
Бенгалски календар | 1420 |
Берберски календар | 2963 |
Будистички календар | 2557 |
Бурмански календар | 1375 |
Византиски календар | 7521–7522 |
Кинески календар | 壬辰年 (вод. змеј) 4709 или 4649 — до — 癸巳年 (вод. змија) 4710 или 4650 |
Коптски календар | 1729–1730 |
Етиопски календар | 2005–2006 |
Еврејски календар | 5773–5774 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2069–2070 |
- Шака самват | 1934–1935 |
- Кали-југа | 5113–5114 |
Холоценски календар | 12013 |
Игбоански календар | 1013–1014 |
Ирански календар | 1391–1392 |
Исламски календар | 1434–1435 |
Јапонски календар | Хејсеј 25 (平成25年) |
Јавански календар | 1946–1947 |
Џуче-календар | 102 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4346 |
Мингуо-календар | Тајван 102 民國102年 |
Нанакшахи | 545 |
Тајландски сончев календар | 2556 |
Тибетски календар | 阳水龙年 (машка вода-змеј) 2139 или 1758 или 986 — до — 阴水蛇年 (женска вода-змија) 2140 или 1759 или 987 |
Униксно време | 1356998400 – 1388534399 |
2013 (MMXIII) — година според грегоријанскиот календар. Тоа била 2013 година од новата ера, 13 година од третиот милениум и 21. век, како и четврта година од 2010-тите.
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7521 и 7522 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6763 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5773 и 5774 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2766.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2013 година се протега во 4649 и 4650, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4709 и 4710 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2556. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1434 и 1435 исламска година.