2002
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
Грегоријански календар | 2002 MMII |
Ab urbe condita | 2755 |
Ерменски календар | 1451 ԹՎ ՌՆԾԱ |
Асирски календар | 6752 |
Бахајски календар | 158–159 |
Балиски календар | 1923–1924 |
Бенгалски календар | 1409 |
Берберски календар | 2952 |
Будистички календар | 2546 |
Бурмански календар | 1364 |
Византиски календар | 7510–7511 |
Кинески календар | 辛巳年 (мет. змија) 4698 или 4638 — до — 壬午年 (вод. коњ) 4699 или 4639 |
Коптски календар | 1718–1719 |
Етиопски календар | 1994–1995 |
Еврејски календар | 5762–5763 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2058–2059 |
- Шака самват | 1923–1924 |
- Кали-југа | 5102–5103 |
Холоценски календар | 12002 |
Игбоански календар | 1002–1003 |
Ирански календар | 1380–1381 |
Исламски календар | 1422–1423 |
Јапонски календар | Хејсеј 14 (平成14年) |
Јавански календар | 1934–1935 |
Џуче-календар | 91 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4335 |
Мингуо-календар | Тајван 91 民國91年 |
Нанакшахи | 534 |
Тајландски сончев календар | 2545 |
Тибетски календар | 阴金蛇年 (женско железо-змија) 2128 или 1747 или 975 — до — 阳水马年 (машка вода-коњ) 2129 или 1748 или 976 |
Униксно време | 1009843200 – 1041379199 |
2002 (MMII) — година којашто започна во ден вторник според грегоријанскиот календар. Тоа била 2002 година од новата ера, 2. од третиот милениум, 2. од XXI век и трета од 2000-тите.
Други календари[уреди | уреди извор]
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7510 и 7511 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6752 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5762 и 5763 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2755.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2002 година се протега во 4638 и 4639, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4698 и 4699 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2545. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1422 и 1423 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 1 јануари – Еврото е пуштено во оптек во 12 земји членки на Европската Унија
- 18 јануари - Доста Димовска, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти партијата, поднесувајќи неотповиклива оставка на сите нејзини функции.
- 8 – 24 февруари – Се одржуваат Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити
- 12 февруари – Започнува судењето на југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ во Хаг
- 22 февруари – Започнува да се применува примирјето во Шри Ланка
- 11 – 14 април – Во Венецуела е извршен неуспешен државен удар против претседателот Уго Чавез
- 12 мај – Поранешниот американски претседател Џими Картер ја посетува Куба
- 20 мај – Источен Тимор станува независна држава
- 9 јули – Официјално е распуштена Организацијата за Африканско Единство и е заменета со Африканската Унија
- 10 септември – Швајцарија станува членка на Обединетите Нации
- 15 септември - Се одржуваат парламентарни избори во Република Македонија, на кои победува коалицијата За Македонија заедно
- 19 септември – Започнува граѓанската војна во Брегот на Слоновата Коска
- 19 октомври - Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски.
- 1 ноември - Македонското Собрание ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.
- 15 ноември – Ху Ѓинтао станува генерален секретар на Комунистичката партија на Кина
Родени[уреди | уреди извор]
Починале[уреди | уреди извор]
- 12 јануари – Сајрус Венс, американски политичар
- 23 јануари – Роберт Нозик, американски филозоф
- 3 февруари - Петранка Костадинова, македонска народна пејачка
- 11 март – Џејмс Тобин, американски економист
- 6 мај – Пим Фортаун, холандски политичар
- 16 август – Абу Нидал, палестински милитант
- 24 ноември – Џон Ролс, американски политиколог
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- 2002 на Ризницата ?
- Календарот за таа година