Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 107.126 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Shakespeare.jpg

Вилијам Шекспир (1564 — 1616) — англиски поет и драматург, кој се смета за најважниот англиски писател и водечки светски драматург. Тој често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Авон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.

Шекспир се родил и пораснал во гратчето Стратфорд на Ејвон. На 18-годишна возраст се оженил со Ен Хатавеј, со која имал три деца: Сузана и близнаците Хамнет и Џудит. Помеѓу 1585 и 1592, тој започнал успешна кариера во Лондон како актер, писател и делумен сопственик на драмско друштво наречено Lord Chamberlain's Men („Трупата на Лордот Коморник“), подоцна познато како King's Men. Тој се повлекол во Стрaтфорд во прибл. 1613, каде починал три години подоцна. Поради малкуте записи што ги имаме за животот на Шекспир, во текот на годините се појавиле многу шпекулации за тоа како тој изгледал, за неговата сексуалност и сексуална ориентација, вера, како и за тоа дали тој или некој друг ги напишал драмите што нему му се припишуваат. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Covid-19 San Salvatore 09.jpg
Лекарка во Пезаро, Италија, на крајот од нејзината смена за време на пандемијата на коронавирус. 19 март 2020 г.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Портет на Луј XIX
На денешен ден…

Денес е 9 август 2020 г.

Настани:

681  По победата над Византиските војски на императорот Константин IV, Аспарух го формирал канството Бугарија на јужниот брег од делтата на Дунав, со престолнина во Плиска.
1173  Започнала изградбата на ѕвоникот на катедралата во Пиза, кој подоцна ќе стане Кривата кула во Пиза.
1842  Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири.
1930  Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Чинии со вртоглавица (англ. Dizzy Dishes).
1942  Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!.
1945  Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.
1969  Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената глумица Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански.
1986  Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури.

Родени:

1386  Хенри Vанглиски крал.
1631  Џон Драјденанглиски поет.
1776  Амадео Авогадроиталијански хемичар.
1883  Панко Брашнаров — македонски комунист.
1912  Бојан Адамич - словенечки композитор.
1931  Марио Загало — бразилски фудбалер и тренер.
1938  Род Лејверавстралиски тенисер.
1938  Леонид Кучма — вториот украински претседател.
1939  Романо Продииталијански премиер и претседател на Европската Комисија.
1942  Џек Диџонет — американски џез-музичар.
1943  Кен Нортон — американски боксер.
1945  Ваит Насуфи — македонски писател.
1947  Рој Хоџсон — англиски фудбалер и тренер.
1953  Жан Тирол — француски економист, добитник на Нобеловата награда.
1963  Витни Хјустонамериканска пејачка и глумица.
1971  Андреј Кабанов — руски кануист-спринтер .
1972  Хуанес — колумбиски поп пејач.
1973  Филипо Инзаги — италијански фудбалер.
1985  Филипе Луис — бразилски фудбалер.
1986  Роберт Кишерловски — хрватски велосипедист.
1988  Мијушко Бојовиќ — црногорски фудбалер.
1988  Вилијан — бразилски фудбалер.

Починале:

916  Свети Климент Охридски — родоначалник на словенската книжевност и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.
1048  Дамас IIримски папа.
1919  Руџеро Леонкавалоиталијански композитор.
1921  Јован Атанацковиќ — српски генерал.
1962  Херман Хесегермански писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1995  Џери Гарсија — американски рок-музичар, член на групата „Грејтфул дед“ (Grateful Dead).
2008  Махмуд Дарвиш — палестински поет.
2019  Фахрудин Јусуфи — југословенски фудбалер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 299 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик