Избрана статија за оваа седмица
|
Тур де Франс 2019 — 106. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 6 и 28 јули како дваесет и седми настан во сезоната на Светската турнеја.
Трката имала вкупна должина од 3.365,8 километри и се состоела од 21 етапа, започнувајќи на 6 јули во Брисел, Белгија, и завршувајќи на 28 јули со традиционалната етапа на Елисејските полиња во Париз. Воведната етапа (позната и како „Големо тргнување“, Grand Départ) била одржана во Брисел во чест на 50-годишнината од првата победа на Тур де Франс на Еди Меркс. Вкупно 176 возачи од 22 екипи учествувале во трката. Крајниот генерален пласман бил освоен од Еган Бернал од Тим Инеос. Неговиот колега и победникот на Тур 2018, Герајнт Томас, завршил втор додека Стевен Краусвејк (Џамбо-Висма) завршил трет.
Колегата на Краусвејк, Мике Тенисен, ја освоил првата етапа во масовен спринт, кој станал прв возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Жилијан Алафилип од Декојнинк-Квик Степ го преземал водството на трката по победата на третата етапа. Ја изгубил жолтата маичка по шестата етапа од Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо), кој бил највисоко пласиран возач во групата на бегството, кое завршило пред главната група. Водството на Чиконе на Тур траело две етапи, пред Алафилип повторно да ја преземе жолтата маичка, која ја носел на следниве единаесет етапи, вклучувајќи ги и оние на Пиринеите, пред да ја изгуби од Бернал на вториот ден на Алпите, на етапата 19, која била скратена поради лошото време. Бернал го одржал водството на завршните две етапи за победа на Тур. (Дознајте повеќе...)
|
Слика на денот
|
Циганче ( Phoenicurus ochruros, женка) во паркот на дворецот Зехоф кај Бамберг, Германија.
|
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
- ... дека поимот кварц е германска варијанта на полското kwardy, што значи „тврд“, и го има истиот корен како македонскиот збор?
- ... дека тврдината Маркови Кули (Чрнче) на планината Водно датира од VI век?
- ...дека целиот југ на Бангладеш се состои од огромното устие на реката Ганг?
- ... дека градот Скопје почнал да користи електрична енергија во 1909 година?
- ... дека патната мрежа на Македонија има вкупна должина од дури 14.182 километри?
- ... дека францускиот двокрилец од марката „Потез 29“ (Potez 29) станал првиот комерцијален патнички авион во Македонија, кој почнал да го опслужува Скопскиот аеродром во 1928 г. со превозникот „Аеропут“?
- ...дека галаксијата GN-z11 е најдалечниот и најстариот пронајден астрономски објект во вселената, на растојание од 32 милијарди светлосни години од Земјата?
- ...дека црната чума дошла во Европа преку џеновските трговци од Кафа (денешна Феодосија) во Крим, кога монголската војска ги катапултирала заразените тела на мртвите војници при опсадата на градот?
- ... дека земјата Црна Гора е наречена по планината Ловќен која во минатото била прекриена со густи темни шуми?
- ...дека некогашните Ниски Земји прераснале во денешните држави Белгија, Луксембург и Холандија, како и областа Француска Фландрија?
- ...дека првиот христијанин во Европа, Лидија Македонката, е покрстена во Филипи кај денешното с. Рахче во Кавалско, Егејска Македонија?
- ...дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во непосредно сродство со санскритскиот збор vāpī, што значи „долго блато“?
- ... дека Хипарх (II век п.н.е.) се смета за основоположник на тригонометријата?
- ... дека селото Долни Дисан во Неготинско има исклучително палеонтолошко наоѓалиште, каде се откопани коски од камили, жирафи, лавови, хиени, мастодонти и хипариони стари 10 милиони години?
- ...дека историско-географската област Мрвачко во Егејска и Пиринска Македонија го носи името на македонската етнографска група Мрваци, така наречени поради трошките и правот врз нивната облека бидејќи се занимавале со рударство?
- ...дека Општина Прилеп е најголемата општина во Македонија по површина?
- ... дека едноотворните (клунарите и клунестите ежови) се единствените цицачи што несат јајца?
- ...дека во Африка има дури 535 јазици од групата банту?
- ...дека руската песна „Калинка“ не е изворна народна песна, туку композиција на Иван Ларионов од 1860 г.?
- ... дека според едно старо предание, во реката Брегалница, на подножјето на Плачковица живеел воден змеј, кој имал задача од пајонските кралеви да го брани Светиот Град од непријателите?
- ... дека Јелоустоун е првиот национален парк во светот, отворен во 1872 година?
- ... дека според една претпоставка, мегленското село Преб’диште е наречено по Пребонд, кнезот на македонските Словени?
- ... дека морската милја е единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан?
- ... дека преспанското село Стење има 5 цркви и 6 археолошки наоѓалишта?
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 299 други јазици.
|
|