Избрана статија за оваа седмица
|
Рак на бели дробови — болест карактеризирана со неконтролиран клеточен раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес којшто се нарекува метастазирање. Повеќето ракови кои почнуваат во белите дробови, наречени примарни белодробни тумори, се карциноми кои потекнуваат од епителни клетки. Главната поделба на белодробниот карцином е на ситноклеточен белодробен карцином (англиски: small cell lung carcinoma) и неситноклеточен белодробен карцином (non-small cell lung carcinoma). Најчестата причина за белодробен рак е долготрајно пушење тутун. Непушачите заземаат 15% од случаите со рак, а во овие случаи болеста често се препишува на комбинација од генетски фактори, изложеност на радон, азбест и загадување на воздухот, вклучувајќи и пасивно пушење.
Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија. Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија. Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година. (Дознајте повеќе...)
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
- ...дека Општина Прилеп е најголемата општина во Македонија по површина?
- ... дека едноотворните (клунарите и клунестите ежови) се единствените цицачи што несат јајца?
- ...дека во Африка има дури 535 јазици од групата банту?
- ...дека руската песна „Калинка“ не е изворна народна песна, туку композиција на Иван Ларионов од 1860 г.?
- ... дека според едно старо предание, во реката Брегалница, на подножјето на Плачковица живеел воден змеј, кој имал задача од пајонските кралеви да го брани Светиот Град од непријателите?
- ... дека Јелоустоун е првиот национален парк во светот, отворен во 1872 година?
- ... дека според една претпоставка, мегленското село Преб’диште е наречено по Пребонд, кнезот на македонските Словени?
- ... дека морската милја е единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан?
- ... дека преспанското село Стење има 5 цркви и 6 археолошки наоѓалишта?
- ... дека дабот му припаѓа на семејството на буките (Fagaceae)?
- ... дека островот Свети Мартин во Карипското Море е поделен на меѓу Франција и Холандија?
- ... дека средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
- ... дека Горчливото Езеро во Кукушко, Егејска Македонија е трипати посолено од Мртвото Море?
- ... дека Александар Македонски се образувал три години кај филозофот Аристотел во неговото училиште „Миески нимфеј“ кај селото Копаново во Негушко, Егејска Македонија.
- ... дека унгарскиот јазик има дури 18 падежи?
- ... дека општината Барле-Хертох ја има најсложената државна граница во светот, со бројни енклави и ексклави на Белгија и Холандија една во друга?
- ... дека Маличкото Езеро, помеѓу Охридското Езеро на север и градот Горица (Корча) на југоисток, е исцедено во 1940-тите во борба против маларијата?
- ... дека најголемото езеро во Британија, Лох Неј, е во сопственост на Ерлот од Шафтсбери?
- ... дека геолошкиот период јура е наречен по планинскиот венец Јура меѓу Франција и Швајцарија, како нејзино типско подрачје?
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
|