Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 103.624 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Abraham Willaerts, Galley and men of war.jpeg

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венеција, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Red-billed oxpecker (Buphagus erythrorhynchus) on impala (Aepyceros melampus).jpg
Црвеноклун говедар (Buphagus erythrorhynchus) како седи на импала (Aepyceros melampus). Национален парк Чобе, Боцвана.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Плакат за Јелоустоун од 1938 г.
На денешен ден…

Денес е 1 јануари 2020 г.

Настани:

45 п.н.е.  Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар.
404  Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум.
439  Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период.
1651  Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска.
1801  Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци.
1804  Независност на Хаити од Франција.
1818  Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн.
1880  Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот канал.
1892  Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
1901  Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер.
1908  За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот.
1909  Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов.
1925  Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Предходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година.
1932  Во Виена се одржа првиот Новогодишен концертВиена се одржа првиот Новогодишен концерт.
1942  Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации.
1945  Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“.
1948  Основана е Државната опера на Народна Република Македонија
1959  За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста.
1965  Под водство на лидерот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО.
1982  Перез де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации.
1990  формирана е политичката партија НДП.
1995  Започна со работа Светската трговска организација.
1997  Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
2002  Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија.
2006  Почна примената на Законот за заштита од пушењето.
2007  Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија.
2017  Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН.

Родени:

1449  Лоренцо де Медичи — владетел на Фиренца.
1823  Шандор Петефи — унгарски револуционер и лирски поет.
1863  Пјер де Кубертен — основоположник на модерните Олимписки игри.
1873  Марија Јуриќ Загорка — хрватска писателка и новинарка.
1878  Пејо Јаворов — бугарски поет, сопатник и биограф на Гоце Делчев.
1879  Е. М. Форстер — англиски писател.
1894  Џон Форд — американски режисер.
1895  Џ. Едгар Хувер — директор на ФБИ.
1912  Ким Филби — британски таен агент на КГБ.
1915  Бранко Ќопиќ — српски писател.
1923  Милт Џексон — американски џез-музичар.
1934  Бранко Варошлија — македонски писател, литературен критичар, драматург и новинар.
1940  Мерсад Бербер — босански сликар.
1941  Ева Рас — српска глумица.
1942  Корнелие Ковач — српски музичар, член на групите „Индекси“ и „Корни група“.
1946  Ривелино — бразилски фудбалер.
1949  Љубодраг Симоновиќ — српски и југословенски кошаркар.
1952  Миле Китиќ — српски фолк-пејач.
1959  Панајотис Јанакис — грчки кошаркар.
1963  Дражен Ладиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1968  Давор Шукер — хрватски фудбалер.
1972  Лилијан Тирам — француски фудбалер.
1973  Врбица Стефанов — македонски кошаркар.
1973  Искра Трпева — македонска поп пејачка.
1977  Хасан Салихамиџиќ — босански фудбалер.
1982  Давид Налбандијан — аргентински тенисер.
1985  Оскар Гато — италијански велосипедист.
1988  Алекс Хаус — американски велосипедист.

Починале:

1515  Луј XII — француски крал.
1894  Хајнрих Рудолф Херц — германски физичар.
1941  Петар Поп Арсов — македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, автор на првиот македонски устав.
1953  Хенк Вилијамс — американски пејач и музичар.
1972  Морис Шевалије — француски пејач и глумец.
1995  Методија Ивановски - Менде — македонски сликар и сценограф.
2001  Фабијан Шоваговиќ — хрватски глумец.

Празници:

Куба прославува Ден на ослободувањето.
Во државите кои го користат грегоријанскиот календар од полноќ, 00:01 часот, со огномет започнува да се слави почетокот на Новата Година.
Ден на јавната сопственост во многу држави ширум светот. Тоа е ден кога заштитената сопственост престанува да важи и делата преминуваат во т.н. јавна сопственост.
Според Римокатоличкиот календар:
  • Благословена Девица Марија
Според македонскиот Православен календар:
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич