2020

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
< XX век XXI век XXII век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100
2020 г.  во други календари
Грегоријански календар 2020
MMXX
Ab urbe condita 2773
Асирски календар 6770
Бахајски календар 176–177
Бенгалски календар 1427
Берберски календар 2970
Будистички календар 2564
Бурмански календар 1382
Византиски календар 7528–7529
Еврејски календар 5780–5781
Ерменски календар 1469
ԹՎ ՌՆԿԹ
Етиопски календар 2012-2013
Игбоански календар 1020–1021
Ирански календар 1398–1399
Исламски календар 1441–1442
Јапонски календар Хеисеи 32
(32年)
Јулијански календар Грегоријански минус 13 дена
Кинески календар 己亥年月日
(4656/4716)
— до —
庚子年月日
(4657/4717)
Коптски календар 1736–1737
Корејски календар 4353
Календар Мингуо Република Кина 109
民國109年
Селевкидски календар 2331–2332
Тајландски сончев календар 2563
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 2076–2077
 - Шака самват 1942–1943
 - Кали југа 5121–5122
Француски револуционерен календар CCXXVIIICCXXIX
228–229
Холоценски календар 12020
Џуче-календар 109

2020 (MMXX) ќе биде престапна година според грегоријанскиот календар. Тоа ќе биде 2020. година од новата ера, 20. од третиот милениум, 20. од 21 век и прва од 2020-тите.

Други календари[уреди | уреди извор]

Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7528 и 7529 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6770 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5780 и 5781 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2773.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2020. година се протега во 4656 и 4657, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4716 и 4717 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2563. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1441 и 1442 исламска година.

Настани[уреди | уреди извор]

  • ...

Личности[уреди | уреди извор]

  • ...

Откритија[уреди | уреди извор]

  • ...