Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 102.593 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Abraham Willaerts, Galley and men of war.jpeg

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венеција, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Doorgang in muur. Locatie, Chinese tuin Het Verborgen Rijk van Ming. Locatie. Hortus Haren 01.jpg
Кружен премин во кинеската градина во Харен, Гронинген, Холандија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Унгарска граматика од Иштван Гелеј Катона, 1645 г.
На денешен ден…

Денес е 22 октомври 2019 г.

Настани:

1962  Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.
1991  На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.
1997  Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма.

Родени:

1811  Франц Лист — унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа.
1870  Иван Бунин — руски писател.
1917  Борко Лазески — македонски сликар.
1925  Роберт Раушенберг — американски сликар.
1929  Лав Јашин — руски и советски фудбалер.
1930  Тодор Веселиновиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1943  Катрин Денев — француска глумица.
1949  Арсен Венгер — француски фудбалски тренер.
1973  Ичиро Сузуки — јапонски безболист.
1975  Мичел Салгадо — шпански фудбалер.
1982  Марк Реншо — австралиски велосипедист.
1985  Алина Сомоваруска балерина.
1986  Марчело Паварин — италијански велосипедист.
1987  Микел Хансен — дански ракометар.
1990  Кире Ристевски — македонски фудбалер.

Починале:

1906  Пол Сезан — француски сликар.
1927  Борисав Станковиќ — српски писател.
1973  Димитар Николоски - Луј — македонски музички педагог и композитор
1987  Лино Вентураиталијански глумец
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич