Избрана статија за оваа седмица
|
Кир Велики (576 или 590 – август 529 п.н.е.) — персиски цар од иранската династија Ахемениди, војсководец, законодавец и основоположник на персиското царство. За време на своето владеење го проширил царството на поголем дел од југозападна и централна Азија, од Египет и Босфор на запад до реката Инд на исток, и го создал првото и најголемо царство на стариот век. Во текот на своето владеење, кое траело три децении, Кир ги освоил некои од најголемите кралства на тоа време, како Лидија, Медија и Вавилон, и водел воени експедиции во Централна Азија, каде ги покорил сите народи. Но тој не отишол во поход против Египет, ниту против европска Грција, како што тоа го направиле неговите следбеници Камбиз II и Дариј I Велики. Според Херодот, Кир загинал во битката против Скитите, во летото 530 или 529 година п.н.е. Него го наследил синот Камбиз II, кој го освоил Египет во текот на своето релативно кратко владеење. Кир бил следбеник на зороастриската религија. Освен силното влијание врз персиската историја, Кир влијаел и врз јудаизмот, човековите права, политиката и воената стратегија и врз вкупната источна и западна цивилизација.
Слично на хероите од другите култури и основоположниците на големите царства, така и за Кир Велики постојат бројни легенди за неговото потекло и семејството. Според Херодот, Кир бил внук на медијскиот крал Астијаг и бил одгледан во скромно овчарско семејство. Според друга легенда, тој потекувал од сиромашно семејство и работел на медијскиот двор. Легендите се сосема контрадикторни на сопствените сведочења на Кир, според кој, тој го наследил престолот на својот татко, дедо и прадедо.
Името Кир е латинизиран, односно хеленизиран збор од староперсиското име Куруш. Античките историчари Ктезиј и Плутарх наведуваат дека Кир го добил своето име од зборот Курос, што значи „Сонце“ или „Сличен на сонце“, т.е. со персиската именка за сонце – Кхор, стои и суфиксот – ваш, што значи сличност. Модерните историчари, како Карл Хофман и Ридигер Шмит, во Енциклопедија Ираника, сметаат дека името Кир значи „вербален победник“. (Дознајте повеќе...)
|
Слика и снимка на денот
|
|
Напев од песнарката „Песни за Богородица“ ( Cantigas de Santa Maria) сочинета за време на кастиљскиот крал Алфонсо X (1221–1284).
|
|
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
- ... дека UY Штит, најголемата ѕвезда позната на астрономијата, е 3,7 милијарди пати поголема од нашето Сонце?
- ... дека вештачкото Владовско Езеро недалеку од градот Воден, Егејска Македонија, е дом на преку 250 видови птици?
- ... дека македонскиот народ во минатото галаксијата Андромеда ја нарекувал Гумно поради големата сличност на обликот?
- ... дека градот Белград во Албанија е основан во IV век п.н.е. од македонскиот цар Касандар под името Антипатреја во чест на татко му Антипатар?
- ... дека Аралското Езеро е сведено на поголема бара поради прекумерното користење на водата од реката Аму Дарја за наводнување на памучните полиња?
- ... дека древномакедонскиот Дервенски папирус најден кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, е најстариот зачуван ракопис во Европа и датира од времето на Филип II Македонски?
- ... дека стоболката (Spermophilus citellus) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
- ... дека Јеловјане и Урвич во Горни Полог (Тетовско) се горански села, иако не се во областа Гора?
- ... дека римскиот пат Вија Егнација е наречен по нејзиниот градител — Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија?
- ... дека историско-географската област Чеч се протега во Пиринска и Егејска Македонија, но дел од нејзиното население живее во Одринско, европска Турција?
- ... дека првото сметачко глувче е направено во 1964 г. како изум на американскиот инженер Даглас Енгелбарт?
- ... дека Русумскиот мост на реката Кагера го прешле дури 250 000 лица во рок од 24 часа, бегајќи во Танзанија од геноцидот во Руанда?
- ... дека целата Британска Индоокеанска Територија (аргипелагот Чагос) воопшто нема постојано население?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... дека Општина Долнени има дури 184 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека споменикот „Валхала“ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи?
- ... дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век?
- ... дека музејот Уфици во Фиренца еден од најстарите и најпосетуваните во светот?
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
|