Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 101.089 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Illustrerad Verldshistoria band I Ill 058.jpg

Кир Велики (576 или 590 – август 529 п.н.е.) — персиски цар од иранската династија Ахемениди, војсководец, законодавец и основоположник на персиското царство. За време на своето владеење го проширил царството на поголем дел од југозападна и централна Азија, од Египет и Босфор на запад до реката Инд на исток, и го создал првото и најголемо царство на стариот век. Во текот на своето владеење, кое траело три децении, Кир ги освоил некои од најголемите кралства на тоа време, како Лидија, Медија и Вавилон, и водел воени експедиции во Централна Азија, каде ги покорил сите народи. Но тој не отишол во поход против Египет, ниту против европска Грција, како што тоа го направиле неговите следбеници Камбиз II и Дариј I Велики. Според Херодот, Кир загинал во битката против Скитите, во летото 530 или 529 година п.н.е. Него го наследил синот Камбиз II, кој го освоил Египет во текот на своето релативно кратко владеење. Кир бил следбеник на зороастријската религија. Освен силното влијание врз персиската историја, Кир влијаел и врз јудаизмот, човековите права, политиката и воената стратегија и врз вкупната источна и западна цивилизација.

Слично на хероите од другите култури и основоположниците на големите царства, така и за Кир Велики постојат бројни легенди за неговото потекло и семејството. Според Херодот, Кир бил внук на медијскиот крал Астијаг и бил одгледан во скромно овчарско семејство. Според друга легенда, тој потекувал од сиромашно семејство и работел на медијскиот двор. Легендите се сосема контрадикторни на сопствените сведочења на Кир, според кој, тој го наследил престолот на својот татко, дедо и прадедо.

Името Кир е латинизиран, односно хеленизиран збор од староперсиското име Куруш. Античките историчари Ктезиј и Плутарх наведуваат дека Кир го добил своето име од зборот Курос, што значи „Сонце“ или „Сличен на сонце“, т.е. со персиската именка за сонце – Кхор, стои и суфиксот – ваш, што значи сличност. Модерните историчари, како Карл Хофман и Ридигер Шмит, во Енциклопедија Ираника, сметаат дека името Кир значи „вербален победник“. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Casa Pashkov, Moscú, Rusia, 2016-10-03, DD 36-37 HDR.jpg
Вечерен поглед на Пашковиот дом во Москва. Дворецот е изграден во 1784-86 г. како неокласична резиденција на благородникот Петар Пашков. Денес зградата е дел од Руската државна библиотека.

Приказни од Виенската Шума (1868) — валцер на Јохан Штраус.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Големината на ѕвездата UY Штит во однос на нашето Сонце
На денешен ден…

Денес е 18 јуни 2019 г.

Настани:

1583  Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.
1821  Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин.
1940  Втора светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур.
1940  Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.
1953  Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб.
1965  Во Алжир е извршен државен воен преврат. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.
1996  Венјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.
1997  Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.
2000  Башер ел-Асад е избран за лидер на владеачката сириска партија Баас, по смртта на претседателот Хафез ел-Асад.

Родени:

1491  Хенри VIIIкрал на Англија.
1812  Иван Гончаров — руски писател.
1866  Стамат Икономов — бугарски офицер.
1882  Георги Димитров — раководител на БКП и премиер на Бугарија.
1902  Борис Барнет — советски филмски режисер и глумец.
1918  Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година.
1922  Жамила Коломонос — македонска револуционерка.
1935  Слободан Мицковиќ — македонски есеист и книжевен критичар.
1942  Пол Макартнианглиски пејач и текстописец.
1943  Рафаела Кара — италијанска пејачка.
1946  Фабио Капело — италијански фудбалски тренер.
1949  Лех Качињски — полски политичар.
1906  Изабела Роселини — италијанска глумица и фото-модел.
1972  Митко Тошев — македонски вајар и сликар.
1974  Винченцо Монтелаиталијански фудбалер.
1982  Фабјен Лефевр — француски кајакар.
1982  Марко Бориелоиталијански фудбалер.
1989  Пјер-Емерик Обамејанггабонски фудбалер.
1990  Ферхан Хасани — македонски фудбалер.
1990  Кристијан Тејлор — американски атлетичар, светски и олимписки шампион во трискок.

Починале:

741  Лав III Исавријанин — византиски император.
1762  Мишел-Ришар Делаланд — француски барокен композитор.
1926  Олга Константиновна — руска голема кнегиња.
1936  Максим Горки — советски писател, еден од основачите на советската книжевност.
2001  Даворин Поповиќ — југословенски и босански пејач, член на групата „Индекси“.
2014  Хорас Силвер — американски џез-музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич