Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 100.469 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Abraham Willaerts, Galley and men of war.jpeg

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на римското царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземноморски држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венецијанската република, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
ET Gondar asv2018-02 img18 Fasil Ghebbi.jpg
Срушен свод од царскиот комплекс Фасил Геби во Гондар, Етиопија, заштитен е како светско наследство на УНЕСКО.

Американскиот цртан филм Гуливеровите патувања (1939).
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Споредба на Аралското Езеро во 1989 и 2014 г.
На денешен ден…

Денес е 5 мај 2019 г.

Настани:

553  Јустинијан I го свикал Петтиот вселенски собор во Цариград.
1494  Кристофер Колумбо го открил островот Јамајка.
1891  Петар Илич Чајковски диригирал на отворањето на концертната сала Карнеги Хол во Њујорк.
1936  Војската на фашистичка Италија под команда на генералот Пјетро Бадолјо го окупирале главниот град на Етиопија, Адис Абеба.
1961  Во Флорида, САД од лансирната рампа на Кејп Канаверал, Алан Шепард со вселенски брод е лансиран како прв американски космонаут во вселената.
1993  Република Турција и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

Родени:

1813  Серен Кјеркегор — дански филозоф.
1818  Карл Маркс — германски политички филозоф.
1846  Хенрик Сјенкјевич — полски писател.
1909  Миклош Радноти — унгарски поет.
1920  Боро Андов — македонски поет за деца.
1924  Незир Незири — македонски учител.
1925  Жељко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер.
1927  Крум Монев — македонски борец.
1943  Игнасио Рамоне — шпански новинар и писател.
1934  Даница Ручигај — македонска поетеса.
1945  Јижи Свобода — чешки режисер и политичар.
1959  Рок Копитар — словенечки и југословенски атлетичар.
1963  Џејмс ЛаБривокалист на Dream Theater.
1966  Сергеј Станишевпремиер на Бугарија.
1968  Бобан Бабунски — македонски фудбалер.
1980  Јоси Бенајун— израелски фудбалер.
1985  Емануеле Џакерини— италијански фудбалер.
1992  Горан Чаушиќ— српски фудбалер.

Починале:

1821  Наполеон Бонапарт — француски император и војсководец.
1860  Рене Лалик — француски дизајнер.
1995  Михаил Ботвиник — руски шахист.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич