Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 116.549 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Leopard africa.jpg

Леопард (науч. Panthera pardus) — член на семејството на мачките (Felidae и најмал вид од четирите таканаречени големи мачки од родот пантери. Некогаш овој вид бил распространет низ Јужна Азија и Африка, од Кореја до ЈАР. Територијата на распространетост се намалувала со тек на времето најмногу поради лов и уништување на природното живеалиште. Денес леопардот главно живее во Потсахарска Африка. Постојат и изолирани популации во Пакистан, Индија, Индокина, Малезија и Кина. Поради намалувањето на бројноста на популациите оваа мачка е ставена на листата на речиси загрозени видови. Бројноста на леопардот е поголема од онаа на останатите членови на Panthera кои имаат покритичен заштитен статус.

Леопардот има релативно кратки нозе и долго тело, со голема глава. Физички најмногу наликува на јагуарот, иако најчесто е помал. Неговото крзно е прошарано со розети, кои немаат внатрешни точки како кај јагуарот. Можат да се сретнат и меланистични леопарди кои или се целосно црни или со многу темна боја. Овие единки се познати под името црни пантери. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
SL Ussangoda NP asv2020-01 img06.jpg
Предел во Националниот парк Усангода, Шри Ланка.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Споменикот на Филип II во Битола
На денешен ден…

Денес е 31 август 2021 г.

Настани:

1942  Втора светска војна: Започна Битката кај Алам ел-Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ервин Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот Канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по Битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957  Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962  Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1983  Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово - Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.
1992  Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.

Родени:

1919  Амрита Притам — индиска писателка.
1928  Џејмс Кобурн — американски глумец.
1937  Васко Ташковски — македонски сликар.
1945  Ван Морисон — северноирски рок-музичар.
1949  Ричард Гир — американски глумец.
1955  Едвин Мозес — американски атлетичар.
1970  Никола Груевскипремиер на Македонија.
1975  Сара Рамирез — мексичко-американска глумица.
1984  Мати Брешел — дански велосипедист.
1984  Тед Лигети — американски скијач.
1988  Давид Оспина — колумбиски фудбалски голман.
1989  Салваторе Пучо — италијански велосипедист.
1991  Морено Хофланд — холандски велосипедист.
1993  Пабло Мари — шпански фудбалер.
1997  Дика Мем — француски ракометар.

Починале:

577  Јован III Схоластик — цариградски патријарх.
1795  Франсоа-Андре Даникан Филидор — француски шахист.
1867  Шарл Бодлер — француски поет.
1930  Владан Ѓорѓевиќ — српски лекар.
1941  Марина Цветаева — руска поетеса.
1963  Жорж Брак — француски сликар.
1973  Џон Форд — американски филмски режисер.
1983  Сашка Петковска - Липша — македонска пејачка на поп-музика.
1986  Хенри Мур — британски вајар.
1997  Дијана — Принцеза од Велс.
2002  Лајонел Хемптон — американски џез-музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич