IT.mk работи согласно долунаведените етички принципи. На сите уредници, автори и соработници на IT.mk им е посочена оваа етичка изјава и се советувани да се придржуваат до истата.

1. IT.mk не продава електронски уреди

IT.mk не продава било каков вид на хардвер. Сите посочени хардвер уреди кои се препорачуваат на сајтот и сервисите се исклучително за информативни цели и за нивната продажба, дистрибуција и гаранција се надлежни соодветните производители, дистрибутери и продавачи. Доколку IT.mk има соработка со некој од производителите, дистрибутерите или продавачите на ИТ опрема истата соработка ќе биде јасно означена на сајтот. Сите препораки во ИТ Маркет се препораки на редакцијата на IT.mk и на ИТ Форум заедницата и истите се базираат на рецензии достапни на сајтот или лично искуство со уредите. Исклучок се спонзорираните објави во ИТ Маркет кои повторно се означени како спонзорирани. Истите треба да се третираат како обична реклама.

2. Маркетинг

Бизнис моделот на IT.mk е да заработува од рекламен простор на својот сајт и своите сервиси. Но тоа не значи дека IT.mk редакцијата ќе го компромитира својот став или обврска спрема своите читатели. Рекламниот простор и можностите за рекламирање се посочени во делот Маркетинг и истите се најчесто во форма на банери или спонзорирани ПР текстови кои се соодветно означени. Банер позициите се истакнати во маркетинг делот, додека ПР текстовите се означени со текст „Спонзорирано од …” и ја содржат истата информација на крајот од спонзорираниот текст. Сите текстови кои не се означени како спонзорирани, се авторски текстови на редакцијата на IT.mk или на соработниците на IT.mk кои ги претставуваат нивните гледишта и искуства и за истите никогаш не се зема било каков надомест за пишување, пласман или дистрибуција на истите од страна на компаниите кои би биле споменати во текстот. Рецензиите објавени на сајтот, доколку се направени во соработка со некоја компанија, истата информација ќе биде соодветно истакната во самиот текст или на крајот од текстот. Дел од објавените рецензии се на производи кои се купени од авторот или IT.mk. Сите објавени реклами на IT.mk треба да соодвестуваат со сите закони и регулативи, и IT.mk го задржува правото да забрани рекламирање на политички, порнографски или содржини за кои ќе има сомнеж дека се нелегални или неетички.

3. Конфликт на интереси

Доколку во информацијата која што се споделува, се зборува за компанија со која IT.mk има соработка или пак компанијата издавач на IT.mk, IWM Network, има директна соработка или партнерство, истото ќе биде означено на крајот од текстот (пример). IT.mk ги советува сите свои соработници истите соработки или партнерства или пак роднински или пријателски врски да ги објаснат во самиот текст или на крајот на текстот.

4. Став на авторите и професионалните стандарди

IT.mk ќе се придружува до професионалните стандарди на новинарството. Но, каде има простор IT.mk ќе им дозволи на своите автори да го споделат своето лично гледиште, искуство или размислување во соодветна форма (пример, осврт на настан, рецензија, критичка колумна и др). Истото правило важи и за гостинските постови. IT.mk често соработува со надворешни соработници кои објавуваат своја содржина. Тие текстови се означени како гостински текстови, и се предмет на уредување пред да бидат објавени. Ставовите во текстовите или информациите објавени како вести не треба да се сметаат како официјални ставови на IT.mk или IWM Network.

5. Етичките принципи можат да се променат

IT.mk има слобода да ги промени своите етички принципи зависно од професионалните стандарди. За повеќе детали околу принципите слободно може да ни пишете на contakt(at)it.com.mk. Условите за користење може да ги прочитате тука, како и Политиката за приватност.