Како InPlayer #РаботиОдДома

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи.

Очекувано најголем дел од читателите беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании. Па затоа, во серијал насловен “Како [локална компанија] #РаботиОдДома” од повеќе текстови ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.

Ова е праксата на македонскиот оддел на компанијата InPlayer. Главен производ на компанијата е платформа на монетизација на видеото и искористување на платежни ѕидови пред содржината. За работата од далечина во случај на пандемија разговаравме со Стефанија Зип.


Како се справувате се овие отежнати услови за работа?

Со оглед на тоа што оваа состојба во која се најдовме сите е сосема нова за нас и е вон нашата зона на комфор, одиме чекор по чекор, најважно е тоа што тимскиот дух и мотивираноста кај сите нас се на високо ниво. Имаме извесна предност што како ИТ компанија се наоѓаме во индустрија што прави да сме доста прилагодливи на ваквиот тип промени, односно целосно префрлање на работа од дома, со оглед на тоа што и претходно бевме remote friendly. Со други зборови, доста брзо реагираме и со исклучок на извесни процеси кои бараа прилагодување, прилично ефикасно ја доживуваме транзицијата.

Целиот наш тим во суштина веќе формираше свој импровизиран home office, така што сите сме комотни да го поминеме продуктивно работниот ден и обврските од удобноста на нашите домови. Фокусот сега е на добростостојбата, физичкото и менталното здравје на сите нас, нашите најблиски и пошироката заедница за да излеземе посилни за периодот што следи по оваа криза.

Какво е влијанието врз работата и клиентите?

Со оглед на тоа што се наоѓаме во e-commerce и OTT индустријата, овој период имаме зголемен обем на работа, изминатиот месец поставивме и рекорд во бројот на нови клиенти, со што уште еднаш покажавме дека сме прв избор за оние што сакаат да монетизираат премиум содржина, а тоа е заслуга на нашата платформа и тимот што посветено ја гради. Тековните проекти продолжуваат и сме во постојан контакт со нашите клиенти, сите сме заедно во оваа ситуација. Со оглед на тоа што спорт вертикаталата е погодена од моменталната состојба, наоѓаме креативни решенија за амортизирање на ударот и се припремаме за периодот што ни следи кога нештата ќе почнат да се враќаат во “нормала”. За среќа, не ни недостига ентузијазам за нови иницијативи, а нашите клиенти тоа го препознаваат.

Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома?

Како и во минатото така и сега, Slack ни е прв избор за комуникација, во моментов го разгледуваме Donut Slack Bot како нов интересен начин за поврзување на луѓето од разлчини тимови (нешто што инаку природно се случува во канцеларија).

Од алатки за видео конференции го користиме Hangouts како дел од G Suite, Zoom, Blue Jeans, Skype. Постојано разгледуваме нови алатки и опции кои би ни ја подобриле целокупната комуникација.

Кои се предизвиците при работа од дома?

На почетокот кога се прилагодувавме и ги припремавме своите home оffices логистичките предизвици беа најбројни, но настојувавме да овозможиме секој од дома да ги има приближно истите услови како и на работното место, така што благодарение на нашиот Ops тим сите предизвици беа решени глатко (пример, опрема која треба да се достави).

Моментот на немање директна комуникација со колегите односно неодењето во канцеларија е во моментов најголемиот предизвик – многу ни недостига на сите и мислам дека ќе биде општа среќа враќањето во канцеларии :) Но, екипирани сме и опремени со се што ни е потребно за работa од дома. Дури и самиот процес на регрутирање и onboarding ги прилагодивме да се одвиваат виртуелно, така што не можам да издвојам поголем предизвик во моментот, освен оној социјален момент.

Од друга страна пак, се обидуваме да надоместиме со тоа што на пример нашите петочни ручеци кои претходно ги правевме групно цела компанија, a сега се одвиваат кај секого посебно во кујна, па правиме интерни натпревари за најдобра слика од ручек, и слично. Имаме секојдневна виртуелна кафе дружба што ја користиме за неформални дискусии, тимски workout секој ден по крај на работно време, а петочните afterwork drinks од Custom Pub ги преселивме на Hangouts, нашиот нов виртуелен бар.

Имавте ли некој специфичен предизвик кој можеби не можевте да го предвидите?

Освен фактот што се откажаа неколку настани на кои веќе бевме активно ангажирани, како InTech Meetup, она за кое што веројатно како и сите сме загрижени е неизвесноста кога оваа состојба ќе се врати во “нормала”. Инаку, засега сме веќе во фаза на целосна прилагоденост како компанија, и тековно решаваме она што би излегло како предизвик.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии