Последна промена: Ноември, 2015
Овој документ служи како детално објаснување и информирање за тоа како IT.mk, IWM Network или нашите партнери и дополнителни сервиси кои ги користиме ги користат личните податоци или информации кои ги собираме кога вие ги посетувате сервисите на IT.mk како и некои од процедурите кои ги преземаме за да ги заштитиме тие податоци.
Примарната цел заради која собираме лични информации е да овозможиме подобри услуги и содржини. Информациите кои ги собираме ни овозможуваат детално да ги анализираме движењата на нашите посетители, да вршиме внатрешно следење на сајтот и статистички да пристапиме кон решавање на проблемите и подобрување на нашите услуги.
Ние собираме лични информации кои најчесто вклучуваат ваше име и презиме (само во случај доколку истото од вас е доставено на вашиот профил, во коментар, во е-маил порака и сл.), ИП (интернет протокол) адреса, и-мејл адреса, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативен систем на компјутерот, временската зона и јазикот кои автоматски се складираат од страна на серверот и алатките за аналитика во статистички бази. Во одредени периоди и услови, може да собираме и дополнителни информации за потребите на некоја промоција или акција, но во тој случај тоа ќе биде дополнително истакнато. Исто така, складираме и други информации кои доброволно се испратени од ваша страна при користење на услугите на IT.mk.
При вашата посета на IT.mk, мал фајл со дата е складиран во вашиот компјутер наречен “колаче” (англиски: cookie), кој овозможува пристап до некои од услугите и им помага на нашите веб администратори да ја контролираат и анализираат посетеноста и активноста на овој сајт и да објавуваат подобри содржини. Во некои случаи користиме и надворешен софтвер за следење на активноста на порталот кој дополнително може да остави вакви фајлови на вашиот компјутер. Може да изберете вашите интернет прелистувачи да го оневозможуват користењето на “колачиња” (анг.: cookies), но со тоа некои делови од нашите услуги може да бидат недостапни за вас, како на пример активно учествување во дискусиите на форумот.
“Колачињата” исто така овозможуваат, доколку имате одберено, зачувување на вашата лозинка со што би избегнале постојано внесување на истата.
IT.mk може да користи и некои други технологии кои ќе овозможат подобрување на вашите он-лајн искуства и кои автоматски може да ги дообработуваат горенаведените податоци кои ни ги доставувате со вашата посета.
IT.mk на најдобар можен начин ќе се обиде да ги заштити вашите лични информации, но со самото користење на сајтот вие се согласувате дека нема да ги сметате IT.mk или IWM Network за одговорни доколку таквите информации бидат украдени, ненамерно објавени или случајно изменети и дека нема да преземате било какви правни мерки или да барате оштета. Секако дека ќе се обидеме на најдобар можен начин никогаш да не дојде до такви ситуации, но правно-формално мораме да го потенцираме тоа.
Вашите информации исто така се зачувуваат и со цел да овозможиме надзор и сигурност на нашите услуги и сервери, да спречиме измами и други сериозни оштетувања. На барање од одредени правни субјекти или на органите кои вршат предистражна постапка, IT.mk може самоиницијативно да сподели информации кои мисли дека се потребни со цел помагање во истрага или значајно истражување но најчесто таквите активности ќе ги прави со претходно барање на судски налог. За да информациите кои IT.mk или IWM Network ги поседува целосно се споделат со државните органи потребен е судски налог кој детално ќе објасни кои податоци се потребни.
IT.mk исто така може да користи дел од личните информации за да овозможи маркетинг понуди. Ние никогаш целосно не ги споделуваме информациите со некоја друга компанија ниту пак ги продаваме или изнајмуваме.
Го задржуваме правото без никакво претходно известување да ја измениме полисата за приватност, но притоа се обврзуваме за секоја позначајна промена да ве известиме преку сајтот. Променетите услови стапуваат на сила по јавното известување.
Порталот и сите останати наши услуги не се наменети за лица под 18 години и секакво регистрирање на лица помали од 18 години не е препорачливо, а во одредени случаи е и законски забрането. Доколку е потребно да се овозможи пристап или регистрација за лице под 18 години, потребно е родителот/старателот да ја контактира редакцијата и секогаш при процесот на користење на услугите на IT.mk од страна на лицето, мора да постои надзор од возрасен.