MK

Услови на користење

Community Guidelines

1. Вашиот однос со YouTube

1.1 Вашето користење на YouTube веб-страницата (во понатамошниот текст: "веб-страница") и било кои YouTube производи, канали, софтвер, навестување на податоци и услуги, вклучувајќи го и YouTube вметнатиот видео уред (во понатамошниот текст: "YouTube уред") кој Ви е достапен било од или преку веб страницата на YouTube (се заедно во понатамошниот текст "услуга") е предмет на условите на правниот договор помеѓу Вас и YouTube. "YouTube" се однесува на друштвото YouTube LLC, чие главно деловно седиште се наоѓа на следната адреса во Сан Бруно, Калифорнија, САД: 901 Cherry Avenue, San Bruno, CA 94066, United States.

1.2 Составен дел на договорот со YouTube се: (A) условите опфатени со овој документ, (Б) политиката на приватност на YouTube (https://www.youtube.mk/t/privacy) и (Б) водичот на YouTube заедницата (https://www.youtube.mk/t/community_guidelines) (се заедно во понатамошниот текст "услови").

1.3 Условите го сочинуваат правно-обврзувачкиот договор меѓу Вас и YouTube во врска со вашето користење на услугата. Важно е да одвоите доволно време и истите внимателно да ги прочитате.

1.4 Условите се однесуваат на сите корисници на услугата, вклучувајќи и корисници кои истовремено работат и на содржината на услугата. Под "содржина" се подразбира текст, софтвер, скрипти, графика, фотографии, звуци, музика, видео, аудиовизуелни комбинации, интерактивни содржини како и други материјали на кои може да гледате, преку кои може да имате пристап или пак да дадете ваш активен придонес за услугата.

2. Прифаќање на условите

2.1 За да ја користите услугата, пред се’ мора да ги прифатите условите. Не можете да ја користите услугата, ако не ги прифатите условите.

2.2 Условите може да ги прифатите преку едноставно користење на услугата. Со ова согласни сте дека YouTube од тој момент па понатаму ќе смета дека вашето користење на услугата значи прифаќање и на самите услови.

2.3 Не можете да ја користите услугата, ниту пак можете да ги прифатите условите ако: (а) немате правна и деловна способност да склучите обврзувачки договор со YouTube, или (б) ако станува збор за лице на кое му е изречена забрана односно на било кој начин има правна пречка да ги прима или користи условите според законите на државата чиј државјанин е или на државата од која има пристап или ја користи услугата.

2.4 Пожелно е да ги испринтате условите или да сочувате локална копија од нив за во вашата архива.

3. Измена на условите

YouTube го задржува правото да врши повремени измени на условите, како на пример да врши измени во поглед на законите или регулаторни промени односно промени кои се однесуваат на функционалноста која се нуди преку услугата. Оттука, мора редовно да ги проверувате условите за да видите дали има такви промени. Изменетите верзии на условите (во понатамошниот текст "изменети услови") ќе бидат објавени на: https://www.youtube.mk/t/terms или ќе бидат достапни во рамките на услугата (за сите изменети дополнителни услови). Ако не се согласувате со изменетите услови, мора да престанете со користење на услугата. Со вашето продолжување да ја користите услугата по датумот на објавувањето на изменетите услови, ќе се смета дека сте се согласиле со нив.

4. YouTube сметки

4.1 За да може да имате пристап до одредени содржини на веб страницата или до други елементи на услугата, ќе мора да отворите ваша YouTube сметка. Кога ќе ја креирате вашата сметка, ќе мора да наведете точни и комплетни информации. Многу е важно да ја одржувате лозинката за вашата YouTube сметка безбедна и во тајност.

4.2 Должни сте веднаш штом ќе дознаете да го известите YouTube за секое нарушување на безбедноста или неовластено користење на вашата YouTube сметка.

4.3 Согласни сте дека единствено Вие ќе бидете одговорни (на YouTube, и други) за секоја активност која се одвива во рамките на вашата YouTube сметка.

5. Општи ограничувања за користење

5.1 YouTube Ви дозволува да пристапите и да ја користите услугата, која е предмет на следните-доленаведени изрични услови, а вие се согласувате дека вашето непридржување до било кој од овие услови ќе претставува повреда на истите од ваша страна:

  1. Согласни сте да не дистрибуирате било каков дел или делови од веб страницата или услугата, вклучително, но не ограничено на секоја содржина, на секој медиум, без претходно писмено овластување на YouTube освен ако YouTube ги направи достапни средствата за таква дистрибуција преку функционалности понудени од услугата (како што е YouTube уредот);

Б. Согласни сте да не прилагодувате и да не менувате било кој дел од веб страницата или било кој дел од услугата (вклучително но не ограничено на YouTube уредот и технологиите поврзани со истиот);

В. Согласни сте да не пристапувате кон содржината преку било која технологија или средство, освен на страниците за повторно пуштање на видео од самата веб страница на YouTube уредот, или на слични други средства кои YouTube може исклучиво да ги намени за оваа цел;

Г. Согласни сте да не (да не се обидете да) избегнете, онеспособите или на кој и да е начин попречите било кои содржини од услугата поврзани со безбедност или содржини кои: (1) спречуваат или го ограничуваат користењето или копирањето на содржината или (2) наметнуваат ограничувања за користење на услугата или содржината достапна преку услугата;

Д. Согласни сте да не ја користите услугата (вклучително и YouTube уредот) за било која од следните комерцијални употреби, освен ако не добиете претходна писмена согласност од YouTube:

  1. Продажба на пристапот до услугата;
  2. Продажба на рекламирање, спонзорства или промоции поставени на или во рамките на услугата или содржината;

Ѓ. Продажба на рекламирање, спонзорство или промоции на било која страница или блог со дозволено рекламирање или веб страница на која има содржина испорачана преку услугата, освен, ако друг материјал кој не е добиен од YouTube се појави на истата страница и е од доволно значење (вредност) за да биде основа за таква продажба.

Е. Забранетите комерцијални употреби не вклучуваат: (1) поставување на оригинално видео на YouTube, (2) одржување на оригинален канал на веб страницата со цел да се промовира деловно или уметничко друштво, (3) прикажување на YouTube видеа преку YouTube уредот или поинаку на блог со дозволено рекламирање или веб страница, предмет на оние ограничувања за рекламирање уредени во точката 5.1(E)(3) погоре; и (4) секое користење кое е изрично дозволено од YouTube во писмена форма;

Ж. Не ви е дозволено да го користите YouTube уредот на вашата веб страница со цел да се измени, надгради или блокира било кој сегмент или функционалност на YouTube уредот вклучително но не органичено на линкови назад до веб страницата;

З. Согласни сте да не користите или да не стартувате било каков автоматски систем (вклучително, без ограничување, секаков „робот“, „пајак“ или читач исклучен од линија) кој пристапува кон услугата на начин што испраќа повеќе пораки со барања до YouTube серверите во даден временски период во кој обичен човек не може реално да испорача во ист период користејќи јавно достапен, стандарден (т.e. неизменет) веб прегледувач;

Ѕ. Согласни сте да не собирате и обработувате било каков личен податок за било кој корисник на веб страницата или на било која услуга (и се согласувате дека ова ќе ги опфаќа и YouTube називите/имињата на сметките);

И. Согласни сте да не ја користите веб страницата или услугите (вклучително и коментари и е-пошта содржини на веб страницата) за барање или предлагање на бизниси во текот на трговијата или во врската со трговското друштво;

Ј. Согласни сте да не барате заради трговски причини било какви корисници на веб страницата во поглед на нивната содржина; и

К. Согласни сте да не пристапувате кон содржината од било која друга причина освен од вашата лична, како и заради некомерцијално користење исклучиво како што е наменето преку дозволената нормална функционалност на услугата, и исклучиво за податочен тек. "Податочен тек" значи истовремен дигитален пренос на материјал од YouTube преку интернет до опрема која дозволува да биде управувана од интернет корисник на начин што податокот е наменет за гледање во реално време и не е наменето за преземање (било трајно или времено), копирање, складирање, или редистрибуција од страна на корисникот.

Л. Не ви е дозволено копирање, репродуцирање, дистрибуирање, пренесување, емитување, прикажување, продавање, лиценцирање или поинаква злоупотреба на било која содржина за други цели без претходна писмена согласност од YouTube или од носителите на соодветната лиценца за содржината.

5.2 Согласни сте да ги почитувате сите останати одредби од условите и од водичот на YouTube заедницата, во секое време и за сето време на користење на услугата.

5.3 YouTube им овозможува на операторите со јавни пребарувачи дозвола за користење на пајаци за копирање на материјали од страницата за исклучива намена на креирање јавно достапни пребарувачи на материјали, но не кеширани страници или архиви на такви материјали. YouTube го задржува правото да ги повлече (укине) овие исклучоци било како општо правило или во специфични случаи.

5.4 YouTube постојано воведува новости со цел да им го пружи на своите корисници најдоброто можно искуство. Согласни сте и признавате дека формата и природата на услугата која YouTube ви ја пружа може од време на време да трпи промени, без претходно да бидете известени за тоа.

5.5 Како дел од ова постојано воведување на новости, согласни сте и признавате дека YouTube може да престане (трајно или повремено) да ја пружа услугата (или било која содржина од услугата) вам или на други корисници генерално како единствено дисрециско право на YouTube, без претходна согласност од ваша страна. Можете да престанете со користење на услугата во секое време. Не е потребно специјално да го известите YouTube кога ќе престанете да ја користите услугата.

5.6 Согласни сте дека Вие сте исклучиво одговорни (и дека YouTube нема одговорност кон вас или кон било која трета страна) за секое непочитување на вашите обврски уредени со условите како и за последиците (вклучително и било каква загуба или штета која YouTube може да ја претрпи) од таквото непочитување.

6. Политика на почитување на авторските права

6.1 YouTube спроведува јасна политика на почитување на авторските права во врска со секоја содржина која би можела да го повреди авторското право на трета страна. Деталите од оваа политика можат да се најдат овде: https://www.youtube.mk/t/copyright_notice

6.2 Како дел од политиката за авторски права на YouTube, YouTube ќе го прекине пристапот на корисникот до услугата ако корисникот е идентификуван како повторувач на повредата. За повторувач на повредата се смета оној корисник кој бил известен дека извршил повреда на активноста повеќе од два пати.

7. Содржина

7.1 Како имател на YouTube сметка може да поднесете содржина. Прифаќате дека било да е објавена или да не е објавена содржината, YouTube не гарантира доверливост (професионална тајна) во врска со содржината.

7.2 Вие го задржувате правото на сопственост на вашата содржина, но потребно е да дозволите ограничено право на лиценца на YouTube како и на другите корисници на услугата. Ова е опишано во член 8 од овие услови. (Право на лиценца).

7.3 Согласни сте и прифаќате дека единствено Вие сте одговорни за вашата содржина како и од последиците на нејзино поставување или објавување. YouTube не одобрува ниту гарантира било каква содржина или мислење, препорака или совет кои се изјавени односно поставени во содржината, и YouTube изрично се оградува од било која и од секоја одговорност во врска со содржината.

7.4 Вие гарантирате дека ги поседувате (и дека ќе продолжите да ги поседувате за сето време на користење на услугата) сите потребни дозволи, лиценци,права, согласности и одобрувања кои се неопходни да може YouTube да ја користи вашата содржина за целите наведени во одредбите за содржината на YouTube, или во друг случај да ја користи вашата содржина на начин утврден со услугата и овие услови.

7.5 Согласни сте дека вашето однесување на веб страницата ќе биде во согласност со (а и согласни сте дека содржината на сета ваша содржина ќе биде во согласност со) водичот на YouTube заедницата, објавен на страницата: https://www.youtube.mk/t/community_guidelines, која се ажурира од време на време.

7.6 Согласни сте дека нема да објавувате ниту да поставувате содржина која содржи материјал кој е противзаконски да го поседувате во земјата чиј државјанин сте, или која би била противзаконска за YouTube да може да ја користи или поседува во согласност со одредбите од услугата.

7.7 Согласни сте дека содржината која ја поднесувате до услугата нема да содржи авторски материјал од трети лица, ниту материјал кој е предмет на сопственички права на трети страни (вклучувајќи и права на приватност или права на јавност), освен доколку немате формална дозвола-лиценца или дозвола од вистинскиот сопственик или друго правно овластено лице, да го објавувате предметниот материјал и да му ја дадете на YouTube лиценцата опишана во член 8.1 подолу во текстот.

7.8 Доколку добие сознание за потенцијална повреда на овие услови, YouTube го задржува правото (но нема обврска) да одлучи дали содржината соодветствува со барањата за содржина кои се изложени во овие услови и може да ја отстрани таквата содржина и/или да ја прекине достапноста на корисникот за поставување на содржина која е спротивна на овие услови во секое време, без претходно известување како свое дискрециско право.

7.9 Совесни сете и прифаќате дека со користењето на услугата, може да бидете изложени на содржина која содржи неточни факти, која е навредлива, непристојна или која на било кој начин ја сметате за несоодветна.Согласни сте да се откажете, односно се откажувате од сите расположливи правни средства и правни лекови или сродни права кои може да ги искористите против YouTube, а во врска со било која содржина од ваков вид.

7.10 YouTube ќе ја обработува секоја аудио или аудиовизуелна содржина прикачена од Ваша страна во согласност со Условите за обработка на податоци на YouTube (www.youtube.com/t/terms_dataprocessing), освен во случаите кога сте ја прикачиле таквата содржина за лични цели или како активност на Вашето домаќинството. Повеќе информации на следниот линк: support.google.com/youtube/?p=data_applicability.

8. Право на лиценца

8.1 Кога објавувате или поставувате содржина на YouTube, Вие дозволувате односно му/и гарантирате:

  1. На YouTube, светски призната, неексклузивна, ослободена од надомест за авторски права и пренослива лиценца (со право на под-лиценца) за користење, репродукција, дистрибуција, пренесување, прикажување, и изведување на содржината во согласност со одредбата од услугата како и во врска со одредба од услугата и деловното работење на YouTube, вклучувајќи и неограничено промовирање и редистрибуција на дел или на сета услуга (како и на преносните-дериватни работи) во секој формат на медиумот и преку сите канали на медиумот;
  2. На секој корисник на услугата, светски призната, неексклузивна, општа и јавна лиценца за пристап до вашата содржина преку услугата, како и користење, репродукција, пренесување, прикажување и изведување на таквата содржина до ниво кое е дозволено согласно функционалноста на услугата и под овие услови.

8.2 Горенаведените лиценци кои се дозволени од ваша страна во содржината, престануваат да важат кога ќе ја отстраните или избришете вашата содржина од веб страницата. Горенаведените лиценци кои се дозволени од ваша страна во текстуални коментари кои се доставени во содржината, се трајни и неповратни, и истите не задираат во вашите сопственички права, кои се уредени во член 7.2 погоре во текстот.

9. YouTube содржина на веб страницата

9.1 Со исклучок на содржината доставена од вас до услугата, сета останата содржина на услугата е или во сопстеност или лиценцирана од YouTube, и е предмет на заштита на авторски права, право на трговска марка, како и други права на интелектуална сопственост на YouTube и на други носители на лиценци за YouTube. Трговската или услужната марка на трети лица која постои на содржината, а не е поставена или објавена од вас, претставува трговска и услужна марка на соодветните сопственици. Оваа содржина не може да се симнува, копира, репродуцира, дистрибуира, пренесува, емитува, објавува, продава, лиценцира или да се употребува за било која друга намена без претходна писмена согласност на YouTube или, онаму каде е можно, на другите носители на лиценци за YouTube. YouTube и неговите носители на лиценцa ги задржуваат сите права кои не се изрично дозволени во и за нивната содржина.

10. Линкови од YouTube

10.1 Услугата може да вклучува и хиперврска до други веб страници кои не се во сопственост или кои не се контролирани од YouTube. YouTube нема контрола, ниту пак прифаќа одговорност за содржината, политиките на приватност ниту пак практиките на веб страниците на трети страни.

10.2 Согласни сте и прифаќате дека YouTube не е одговорен за достапноста на било кои надворешни страници или извори и не признава било какво рекламирање на производи или други материјали кои се наоѓаат односно се достапни од вакви веб страници или извори.

10.3 Согласни сте и прифаќате дека YouTube не е одговорен за било каква загуба или оштетување кое може да ви се случи како резултат на достапноста на овие надворешни страници или извори, или како резултат на било кое користење поставено од вас а во врска со целовитоста, точноста или постоењето на било какво рекламирање производ или друг материјал на или достапен од вакви веб страници или извори.

10.4 YouTube Ве охрабрува да бидетe свесни за тоа кога ја напуштате услугата како и да ги прочитате условите и политиката на приватност на секоја друга веб страница која ја посетувате.

11. Прекинување на вашиот однос со YouTube

11.1 Условите продолжуваат да важат до моментот кога ќе биде прекинат односот било од ваша страна или од страна на YouTube како што и е опишано подолу.

11.2 Ако сакате да го прекинете вашиот договор со YouTube, истото можете да го сторите преку: (a) известување до YouTube во секое време и (б) со затворање на вашата YouTube сметка. Вашето известување треба да биде испратено по писмен пат до адресата на YouTube која е наведена на почетокот од овие услови.

11.3 YouTube може во секое време да го прекине договорниот однос со вас ако:

  1. Сте прекршиле одредба од условите (или сте постапиле на начин кој јасно покажува дека немате намера односно не сте во можност да ги почитувате одредбите од условите); или
  2. Од YouTube е побарано тоа да го стори по сила на закон (на пример, ако одредбата од услугата која се однесува на вас е или стане противзаконска); или

11.4 YouTube може да го раскине договорниот однос со вас ако:

  1. YouTube се повлекува од пружање на услугата на корисниците во државата чиј државјанин сте или од државата од која ја користите услугата; или
  2. Одредбата од услугата која се однесува на вас, според мислењето на YouTube не е повеќе економски оправдана.

Во секој од случаите наведени под A и B од оваа одредба 11.4 онаму каде е можно ќе се даде образложено известување за раскинувањето.

11.5 Кога овие услови ќе престанат да важат, сите права, обврски и одговорности кои вие и YouTube сте ги користеле, кои биле предмет на (или кои биле зголемени со тек на време додека условите биле на сила) или кои се изразени дека ќе продолжат за неодредено време, нема да бидат загрозени од прекинот на односите, и одредбите од член 14.6 ќе продолжат да се применуваат врз овие права, обврски и одговорности на неодредено време.

12. Исклучување на гаранции

12.1 Ништо од наведеното во условите нема да влијае на статутарните права кои како корисник Ве заштитуваат и нема да можете договорно да се согласите да ги измените или да се откажете од нив.

12.2 Услугата се пружа "онаква каква е" и YouTube не дава никакви гаранции или опис на самата услуга.

12.3 YouTube oсобено не дава опис ниту ви гарантира дека:

  1. Вашето користење на услугата ќе одговара на вашите барања и очекувања,
  2. Вашето користење на услугата ќе биде непрекинато, навремено, безбедно и без никакви грешки,
  3. Секоја информација добиена од вас како резултат на вашето користење на услугата ќе биде точна и валидна, и
  4. Дека дефектите во работењето или функционалноста на било кој софтвер до кој имате пристап како дел од услугата ќе бидат отстранети.

12.4 Никакви услови, одговорности или други услови (вклучувајќи било какви имплицитни услови за задоволување на квалитетот, целисходност или согласност со описот) ќе се применуваат и ќе важат за услугата освен во случај ако не се конкретно и исклучиво наведени во Условите.

13. Ограничување на одговорноста

13.1 Ниту една одредба од овие услови нема да ја исклучи или ограничи одговорноста на YouTube за загуби кои може да не се законски исклучени или да не се ограничени со применливо право.

13.2 Имајќи ја во вид горната одредба од член 13.1 YouTube нема да биде одговорен за:

  1. Секоја индиректна или последователна загуба-и кои може да ви се случат. Ова се однесува и на : (1) секоја загуба на профит (било да се случила директно или индиректно); (2) секоја загуба на деловната репутација и добрата волја; (3) секоја загуба на пропуштена можност; или (4) секоја загуба на податоци која настанала;
  2. Секоја загуба или штета на која може да бидете изложени како резултат на:
    1. Секое користење поставено од вас за целовитоста, точноста или постоењето на било какво рекламирање, или како резултат на некаков однос или трансакција помеѓу Вас и некој огласувач или спонзор чие рекламирање се појавува на услугата;
    2. Секакви промени кои YouTube може да ги направи на услугата, или за секое трајно или времено раскинување на одредби од услугата (или било кои содржини во рамките на услугата);
    3. За бришење, расипување, или не можност за складирање, на секоја содржина или друг известувачки податок, кој се одржува или се пренесува од или преку користењето на услугата;
    4. Ваш пропуст да му дадете на YouTube точна информација за вашата сметка;
    5. Ваш пропуст да ги одржувате вашата лозинка или деталите од YouTube сметката безбедни и во тајност.

13.3 Ограничувањата на одговорноста на YouTube кон Вас утврдени со член 13.2 погоре, ќе се применуваат без оглед на тоа дали YouTube бил поучен или требал да биде свесен за можноста од настапување на такви загуби.

14. Општи правни услови

14.1 Условите го сочинуваат целокупниот договорен однос помеѓу вас и YouTube и го уредуваат вашето користење на услугата и во се ги заменуваат претходните договори помеѓу вас и YouTube кои се поврзани со услугата. Сите останати услови на услугата кои Google Inc. и секоја од неговите подружници може да ги имаат од време на време, се изрично исклучени од условите.

14.2 Согласни сте дека YouTube може да Ви доставува известувања, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на измени на условите, и тоа преку е-пошта, обична пошта или прикачувања на самата услуга.

14.3 Согласни сте дека ако YouTube не искористи било кое правно средство или друг вид на правна заштита која е содржана во условите (или за кои YouTube има корист според било кое применливо право), ова нема да се смета како формално откажување од правата на YouTube и дека овие права или правни лекови се уште ќе бидат достапни за YouTube.

14.4 Ако било кој суд, надлежен да одлучува во оваа област, донесе пресуда дека некоја од одредбите на овие Услови е неважечка, тогаш истата ќе биде отстранета од Условите, без да се загрозат останатите Услови. Останатите одредби од Условите ќе останат и понатаму на сила и ќе се применуваат.

14.5 Согласни сте и прифаќате дека секој член на групација од компании, чиј составен дел е и YouTube, ќе се смета како трета страна корисник на Условите и останатите компании ќе бидат овластени директно да ја спроведуваат и да ја применуваат секоја одредба од Условите која е поповолна (или дава поповолни права) за нив. Покрај нив, ниту едно друго лице ниту компанија ќе се смета за трета страна корисник на Условите.

14.6 За Условите, и вашиот однос со YouTube според условите, ќе се применува англиското право. Вие и YouTube сте согласни дека Судовите на Англија имаат единствена надлежност за решавање на секое правно прашање и спор кое ќе произлезе од Условите. И покрај ова, согласни сте дека YouTube ќе може да користи и (при)времени мерки (или соодветен друг вид на итни правни средства) кои се предвидени во рамките на било чиј правен систем.

Датум: 25 мај 2018

to add this to Watch Later