Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 99.157 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
PIA02475 Eros' Bland Butterscotch Colors.jpg

Близуземски астероидимали тела во Сончевиот систем чија орбита ги носи во близина на Земјата. По дефиниција, близуземски астероид е тело од Сончевиот систем ако најмалото растојание на телото до Сонцето (перихел) е помал од 1,3 астрономски единици (АЕ). Доколку орбитата на близуземјиниот астероид минува низ орбитата на Земјата и има пречник поголем од 140 m, се смета за потенцијално опасно тело (ПОТ). Најпознати БЗА и ПОТ се астероидите.

Постојат повеќе од 17.000 близуземски астероиди, од кои стотина се краткопериодични близуземски комети, и бројни околусончеви летала и метеороиди доволно големи за да се следат во вселената пред да се судрат со Земјата. Денес е прифатено дека судирите во минатото имале значајна улога во образувањето на геолошката и биолошката историја на Земјата Близуземските астероиди поттикнале зголемен интерес од почетокот на 1980-ите поради зголемената свесност за потенцијалната опасност од астероидите или кометите, и се изнаоѓаат начини за избегнување или намалување на опасноста.

Засновано на орбиталните пресметки на БЗА, ризикот од идните судири се проценува според две скали, Торинската скала и посложената Палермска скала, при што и двете го проценуваат ризикот со вредности поголеми од 0. Некои БЗА имале позитивни почетни вредности на Торинската или Палермската скала по нивните откривања, но од март 2018 година со попрецизните пресметки и постепени набљудувања во повеќето случаи доведува до намалување на вредностите до или под 0. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот

Верник со бројаница како игра со мачка во џамијата „ел-Езхер“, Каиро. Мачките важат за чисто и богоугодно животно во исламот.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Карта на архипелагот Чагос
На денешен ден…

Денес е 26 февруари 2019 г.

Настани:

1531  Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815  Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
1848  Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
1901  По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
1909  Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
1915  Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен.
1918  Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
1936  Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
1984  Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут.
1987  Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници.
1991  По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји.
1992  Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
1993  Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени.
2004  Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
2008  Пуштена Енциклопедијата на живиот свет.

Родени:

1725  Никола Кињо — изумител на автомобилот.
1802  Виктор Иго — француски писател.
1846  Бафало Бил — американски војник, ловец и забавувач.
1861  Фердинанд I — кнез и цар на Бугарија.
1887  Стефан Грабињски — полски писател.
1898  Константин Библ — чешки поет.
1902  Веркор — француски писател.
1928  Фетс Домино — американски рокенрол-музичар.
1932  Џони Кеш — американски пејач, глумец и автор.
1932  Спиро Прилепчански — македонски новинар, уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“.
1948  Ѓорѓи Колозов — македонски глумец.
1949  Ема Керкби — англиска пејачка, специјалист по раномузичка изведба.
1952  Лука Перузовиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1956  Мишел Уелбек — француски романописец, поет и режисер.
1963  Милко Ѓуровски — македонски и југословенски фудбалер.
1970  Предраг Даниловиќ — српски кошаркар.
1973  Оле Гунар Солксјер — норвешки фудбалер и тренер.
1980  Хулијан Санчез — шпански велосипедист.
1982  Ли На — кинеска тенисерка.
1983  Сергеј Биков — руски кошаркар.
1983  Пепе — португалски фудбалер.
1986  Начо Монреал — шпански фудбалер.

Починале:

1875  Светозар Марковиќ — српски политичар и публицист.
1916  Наум Туфекчиев — македонски револуционер.
1927  Херман Обрист — швајцарски и германски дизајнер и вајар.
1938  Александар Амфитеатров — руски писател.
1952  Јозеф Торак — австриско-германски вајар.
1960  Александар Белиќ — македонист.
1971  Фернандел — француски глумец.
1998  Теодор Шулц — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1979 година.
2004  Борис Трајковски — претседател на Република Македонија.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич