Избрана статија за оваа седмица
|
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.
Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.
Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
|
Слика и снимка на денот
|
|
Треска — француски филм од 1921 г. на Луј Делик и неговата сопруга Ева Франсис.
|
|
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
|
На денешен ден…
|
Денес е 28 декември 2018 г.
Настани:
1895
|
Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
|
1908
|
Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
|
1943
|
Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот баталјон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеал поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и Демир Капија.
|
1944
|
Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
|
1944
|
Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
|
1995
|
Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „Скипер“, сопственост на Универзитетот во Јута, САД.
|
1997
|
Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурншкото предградие Епинг.
|
Родени:
Починале:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
|