Бидејќи модата веќе не ни е баш во прв план, си оставивме простор и време да пишуваме за други (локални) теми особено поврзани со начинот на живот, а сега бев инспирирана од еден од блоговите кои си ги следам одамна на тема CSA (Community Sustained Agriculture), па одлучив да напишам една локална верзија на текстот (НЕспонзориран) :)
Минатата година кога (кхм) бебето требаше да почне да јаде цврста храна, почнав да истражувам за исхрана, што е добро што не е, но и придобивките од јадење локална, сезонска, свежа и органска храна. Во меѓувреме ја открив Наша Добра Земја – (официјално насловена како задруга на потрошувачи) која се залага за “еколошки и општествено одржливи системи за локален суверенитет во исхраната”. Ако го прочитате претходно линканиот пост со примери од Америка, како и веб сајтот на задругата, ќе ви стане јасно колку е важно да се поддржи локалното производство: од нутритивниот квалитет на храната до поддршката на локалното земјоделство и подобрување на околината со органското производство.
Задругата има и продавница во која можете слободно да си влезете и испазарите органска храна (избегнувајте ги четвртоците), но се стремат кон здобивање на членство, односно да се претплатат членови кон гарантирана една кошничка (гајба) неделно. Што значи тоа? Со плаќање на годишна членарина и месечно одредена сума, станувате член на задругата и секој четврток добивате готова кошничка со најсвежи и сезонски зеленчуци и овошја со 10%-30% поевтина цена од продавницата (ако е слаба неделата со производство, добивате готови производи од органски производители како хумус, доматен сос, итн, или пак замрзнати, малини, на пример). Целта е земјоделците да произведат онолку колку што ќе се продаде, со цел да не се фрла храна беспотребно.
Звучи супер, иако не ми се веруваше дека кај нас ваков систем функционира, но сепак одлучив да се обидам и по скоро една година, со неколку научени лекции, одлучив и јавно да ги пофалам :)
Моите прашања што ме мачеа и одговорите што ги научив: