1. Многу јасно отфрлање на: капитализмот, империјализмот, феудализмот, сите трговски спогодби, институциите и владите кои ја подржуваат деструктивната глобализација.
2. Одбиваме секаква форма и системи на доминација и дискриминација, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) патријархат, расизам и верски фундаментализам од секаков вид. Се залагаме за потполно достоинство на секое човечко суштество.
3. Спротивставен став, со оглед на тоа дека сметаме лобирањето не може да има голем ефект врз недемократските организации полни со предрасуди, чијашто единствена управувачка политика е транснационалниот капитал.
4. Повик за директна акција и граѓанска непослушност, подршка на борбите за општествените движења, пропагирајќи заштитнички форми на отпор кои ја максимизираат почитта кон животот и погазените човекови права, како и за создавање на локални алтернативи на глобалниот капитализам.
5. Философија на организирање која се базира на децентрализација и автономија.
PGA е само инструмент за координација, а не е организација. PGA нема членови, нема, а и нема да има некого на чело. Ниедна организација или личност не ја претставува PGA.