1892
< XVIII век | XIX век | XX век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1892 (MDCCCXCII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1892. година од новата ера, 892. од вториот милениум, 92. од 19 век и трета од 1890-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7400 и 7401 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6642 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5652 и 5653 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2645.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1892. година се протега во 4528 и 4529, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4588 и 4589 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2435. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1309 и 1310 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 1 јануари - Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
- Во Софија се појавил весникот Лоза, весник на македонската емиграција во Бугарија, како орган на Младата македонска книжевна дружина.
- Петар Поп Арсов ја напиша „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ под псевдоним Вардарски.
- Сергеј Василевич Рахманинов на свои деветнаесет години го напишал Првиот Концерт за клавир.
- 14 октомври - била издадена книгата Авантурите на Шерлок Холмс, збирка од дванаесет раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл.
Родени[уреди | уреди извор]
- 3 јануари - Џ. Р. Р. Толкин, англиски писател кој е автор на трилогијата Господарот на прстените.
- 11 март - Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика.
- 2 мај - Манфред Албрехт фон Рихтхофен, германски пилот, кој и до денес се смета за ас над асовите во воздушните битки во текот на Првата светска војна, познат како Црвениот барон.
- 7 мај - Јосип Броз Тито, Претседател и маршал на СФРЈ, генерален секретар на КПЈ и СКЈ (1937-1980).
- 26 јуни - Перл Бак, американска писателка.
- 23 јули - Хајле Селасие, крал на Етиопија, кој и денес живее во нивните срца, како крал над кралевите.
- 27 септември - Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата.
- 10 октомври - Иво Андриќ, српски писател, добитник на Нобелова награда за литература во 1961 година.
- 1 ноември - Александар Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
- Стефан Банах, полски математичар и гениј.
Починале[уреди | уреди извор]
- 6 декември - Вернер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката.
„1892“ на Ризницата ? |