1907
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1907 (MCMVII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1907. година од новата ера, 907. од вториот милениум, 7. од 20 век и осма од 1900-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7415 и 7416 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6657 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5667 и 5668 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2660.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1907. година се протега во 4543 и 4544, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4603 и 4604 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2450. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1324 и 1325 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 15 - 16 март - Први парламентарни избори во Финска, први во светот на кои има и женски кандидати и први во Европа со општо право на глас
- 15 јуни - Одржана е Втората Хашка мировна конференција
- 25 јули - Кореја станува протекторат на Јапонија
- 31 август - Формирана е Англо-руската Антанта
- 26 септември - Нов Зеланд и Њуфаундленд стануваат доминиони
- 16 ноември - Индијанската Територија и Територијата Оклахома стануваат 46-та американска држава, Оклахома
Родени[уреди | уреди извор]
- 8 март - Константин Караманлис, грчки политичар
- 9 март - Мирча Елијаде, романски писател
- 22 мај - Лоренс Оливие, британски актер и режисер
- 26 мај - Рејчел Карсон, американски биолог и писател
- 17 јуни - Чарлс Имс, американски дизајнер и архитект
- 28 ноември - Алберто Моравија, италијански писател
Починале[уреди | уреди извор]
- 2 февруари - Димитриј Менделеев, руски хемичар
Видете исто:
„1907“ на Ризницата ? |