Пак е заслужен за брзиот економски раст на Јужна Кореја преку извозно ориентираната индустријализација. Меѓутоа, тој е контроверзна политичка личност во историјата на Јужна Кореја, поради својот авторитарен начин на владеење со земјата, особено по 1971 година. Во 1999 година, од страна на магазинот Time Пак Чон Хи бил рангиран меѓу стоте највлијателни „Азијци на векот“.
На 26 октомври, 1979 година, врз него бил извршен успешен атентат. Чон Хи бил убиен од страна на Ким Jae Кју (1926-1980), стар пријател на Чон Хи и директот на Корејска централна разузнавачка агенција. Постои поделеност околу неговото наследство, од една страна се истакнува неговата улога во обновата на Јужна Кореја по катастрофалната Корејска војна, а од друга страна се осудува неговиот авторитаризам, особено силен по 1971 година. (Дознајте повеќе...)
...дека синапсидите се нарекуваат и „працицачи“ бидејќи се сметаат за најрани предци на цицачите?
...дека галаксијата GN-z11 е најдалечниот и најстариот пронајден астрономски објект во вселената, на растојание од 32 милијарди светлосни години од Земјата?