Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.
Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознај повеќе...)
...дека синапсидите се нарекуваат и „працицачи“ бидејќи се сметаат за најрани предци на цицачите?
...дека галаксијата GN-z11 е најдалечниот и најстариот пронајден астрономски објект во вселената, на растојание од 32 милијарди светлосни години од Земјата?
Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-на учесници на бунтот против централната власт