Кипар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот Кипар, видете Кипар (појаснување).
Република Кипар
Κυπριακή Δημοκρατία (грчки)
Kıbrıs Cumhuriyeti (турски)
Знаме Грб
ХимнаὝμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν
И́мнос ис тин Елефтери́ан
Химна кон слободата1

Местоположбата на  Кипар  (темно зелена)– in на европскиот континент  (светло зелена и темно сива)– во Европската Унија  (светло зелена)
Местоположбата на  Кипар  (темно зелена)

– in на европскиот континент  (светло зелена и темно сива)
– во Европската Унија  (светло зелена)

Главен град
(и најголем)
Никозија (Лефкозија, Лефкоша)
35°08′ СГШ 33°28′ ИГД / 
Службен јазик грчки, турски
Демоним Кипарец
Уредување претседателска република
 •  Претседател Никос Анастасијадис
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Датум 16 август 1960 
пристапила во ЕУ 1 мај 2004
Површина
 •  Вкупна 9,251 км2 (167ма)
 •  Вода (%) занемарливо
Население
 •  Попис 2007 788.457 
 •  Густина 85 жит/км2 (85th)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $24,497 билиони (110та)
 •  По жител $31.522 (26та)
БДП (номинален) проценка за 2008 ММФ г.
 •  Вкупно $22,119 билиони (90th)
 •  По жител $28.209 (28ма)
ИЧР (2013)  0.845[1]
многу висок · 32ра
Валута Евро ()2 (EUR)
Часовен појас ИЕВ (UTC+2)
 •  (ЛСВ) ИЕЛТ (UTC+3)
НДД .cy3
Повик. бр. 357
1. Исто така национална химна на Грција.
2. Пред 2008: Кипарска фунта
3. Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија.

Република Кипар (грчки: Κύπρος, Кипрос; турски: Kıbrıs, Кибрис) — островска држава во Средоземното Море. Островот е поделен на два дела: северен, турски дел (Северен Кипар) и јужен, грчки дел (Јужен Кипар). Само јужниот дел е влезен во Европската Унија. Главен град е Никозија. Кипар како трет најголем остров во Средоземно море се одликува со развиен туризам и огромна посетеност, особено за време на летната сезона.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Политичка карта на островот Кипар.
Карта на островот Кипар.

Има повеќе теории за потеклото на името на Кипар. Една од нив е дека Кипар го добил името по грчкиот збор за чемпрес (лат: Cupressus sempervirens), κυπάρισσος kypárissos.

Друга тврди дека името потекнува од латинската фраза aes Cyprium(метал кој потекнува од Кипар) што се однесува на бакар подоцна еволуирајќи во Cuprum. Имено во Античко време Кипар бил познат по големиот број на наоѓалишта на бакар кои се наоѓале на негова територија.

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Во антиката Кипар бил познат по големиот број на наоѓалишта на бакар. Едни од првите народи кои се населиле на Кипар биле Микенците и Феникијците во околу 1050 п.н.е. Во Кипар покасно се населиле Асирците и Персијците во околу 700 п.н.е. По тој период во Кипар се населиле старите грци.

Независност[уреди | уреди извор]

Првиот претседател на Кипар, Макариј III

Својата независност Кипар ја добил на 1 август 1960 година. Прв претседател а истоивремено и архиепископ бил Макариј III (1913-1977). По тој начин, тој раководел со црковната и административната власт во државата. На 20 јули 1974 година турската војска го зазеле северното крајбрежје. Непризнаената турска држава на Кипар постои до ден денес.

Географија[уреди | уреди извор]

Планините Тродос

Климата во Кипар е средоземноморска. Кипар е најтоплиот остров на Медитеранот, со околу 340 сончеви денови во годината. Но треба да се нагласи дека климатските услови не се насекаде исти. Така, во внатрешноста и на некои повисоки места, средоземната клима е изменета. Главниот фактор за таа промена е планината Тродос и Беспармак. Во врска со температурите, на целиот остров владе топли лета, со просечна температура од 30 °C. Во зимата, температурата се движи од 10 и 20 °C, а во внатрешноста на островот може да се намали и до 0 °C. Во Никозија најниската забележана температура била -5 °C.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Кипар се дели на 6 окрузи (грчки: επαρχίες, „епархии“; турски: kazalar, „кази“). Сите се наречени по нивните административни центри. Окрузите потоа се делат на општини.

Округ грчки турски
Киренеја Κερύvεια Girne
Ларнака Λάρνακα Larnaka/İskele
Лимасол Λεμεσός Limasol/Leymosun
Никозија Λευκωσία Lefkoşa
Пафос Πάφος Baf/Gazibaf
Фамагуста Αμμόχωστος Gazimağusa

Демографија[уреди | уреди извор]

Религија[уреди | уреди извор]

Религија во Кипар (Pew Research)[2][3]
религија проценти
Православно христијанство
  
78%
Ислам
  
20%
други
  
1%
ниедна
  
1%

Поголемиот дел од Кипарските Грци, а со тоа и мнозинството од населението на Кипар, се членови на автокефалната Кипарска Православна црква, додека кипарските Турци се претежно муслимани. Според Евробарометарот во 2005 година [4], Кипар е една од најрелигиозни земји во Европа, заедно со Турција, Малта, Романија, Грција и Полска. Освен православните христијани и муслиманските заедници, во земјата живеат и помали религиозни заедници како бахаите, евреите, протестантска, католичка, маронити и членови на Ерменската апостолска црква.

Наводи[уреди | уреди извор]