Изјава за нападот со пожар на канцеларијата на SEDESOL, за Црн јуни
На населбите, маалата и заедниците
На сите кои се организираат и се борат
На нашите другари
На независните средства за информирање
На Мексиканците
Уништената земја е вашиот пристап
Ќе бидам орана земја
или пуста земја
Не сакам да бидам куче кое ќе се грижи за својата сенка
ако не ме сакаш слободен
ќе мораш да ме гледаш мртов
Десет дена од почетокот на Црниот јуни, бројни подрачја се вклучени во виорот на борбите и судирите, запалените барикати кои го отвораат патот кон самоопределување и изградба на автономија. Гневни и со објава на војна, од првите часови на Црн јуни со пожар ја нападнавме Федералната канцеларија за развој – SEDESOL – околу 4:40 во Халапа, во државата Веракруз.
Брз и ефикасен напад, за кој велат дека:
„Пожарот уништи поголем дел од мебелот, канцеларискиот материјал и уредите, каблите за струја и дигитална комуникација.“
Накратко, повеќето уреди отишле по ѓаволите.
На местото на настанот го оставивме натписот „ДА ГО СРУШИМЕ КАПИТАЛИСТИЧКИОТ РАЗВОЈ (А) ЦРН ЈУНИ“
Значи, зошто би требало со бес и оган да го срамниме со земја SEDESOL?
Веќе подолго време имаме неразрешена ситуација, односно, на почеток ни измислија болест која ја нарекоа „сиромаштија“, а потоа нѐ уверија дека страдаме од истата со цел да ни продаваат или подаруваат „лек“, или пак да нѐ присилуваат на него: напредок; кој нѐ лекува со уништување и ни ја пие крвта, за да полесно да нѐ натераат на нивната игра, во нивното поимање на животот, во нивната граѓанска и општествена „должност“.
Единственото значење на концептот за напредок е непрекинатото уништување на сите облици на живот, животински и растителни видови, начин на живот и организирање, размислување, љубов, говор или радост. Колку јазици, зборови и облици се задушени со километри цигли и цемент? Или пак се уништени од „задолжителното, јавно и бесплатно школство“ и програмите за „поддршка“, односно со најподлите и најнемилосрдни облици на контравостание. Затоа што се работи за „социјална политика“, поим кој со владите ги именуваат своите смртоносни и најпогубни орујжа, со кои уништувале и уништуваат подрачја, пустошат села, принудуваат на иселување, запоставуваат, трујат.
Веќе со децении водат таква војна против нас, затоа што однапред знаеја дека подрачјата и екосистемите се силни и страшни кога низ нив ќе протече живот; и дека нивните жители и заштитници исто така се отпорни токму затоа што се дел од исто толку силни екосистеми, и дека никогаш не би ги покорила со сила.
Поаѓајќи од тоа гледиште, знаат дека изградбата на нивните Мегапроекти на смртта (урбанизација, пристаништа, автопатишта, хидроелектрани, ветерници, нуклеарки, рудници) требаат дополнително да ги ослабат подрачјата, да ги присвојат нивните води, раздвојат нивната земја, канализираат нивните реку, да испуштат цијанид во рудниците и отровните состојки од хидрауличното бушење [fracking; заб. на прев.] во подземните води до таа мера, што притесните за ѕид и без извор за живот, да се покориме на тиранијата на општеството и парите.
Потрошија децении на војни операции во нашите подрачја, покренувајќи еден вид тотална војна која ние и другите ја нарекуваме општествена војна. За нас општествената војна е составена од сите тие (макро и микро) судири кои се водат за заедниците, семејствата, групите да се подвргнат на шемите и динамиката на Општеството. На тие дела и вредности кои ги доведоа за да нѐ присилат, осакатат и подјармат.
За нас општествената војна не е онаа која ние ја креваме против системот (за разлика од онаа која фашистите со срп и чекан упорно ја нарекуваа класна војна), туку е големата офанзива која ги користи сите видови средства: од социјалните политики со својот „модел на национално образование“, па сѐ до телевизиските серијали, интернтот итн., покрај непрекинатото бомбардирање со динамики и стереотипови со цел постојано да се репродуцираат. Таа општествена војна не го погодува непријателот ниту го тера да се предаде, тоа е војна која сака целосно да го избрише и уништи секој облик на размислување и постоење кој не носи корист на капиталот, Светската Банка, Меѓународниот монетарен фонд, на патријархалните логики, од која страна и да доаѓаат.
Повеќе →