Избрана статија за оваа седмица
|
Италијанската култура може да се пофали со неколку светско познати градови. Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи ги Етрурците, Грците и Римјаните. Рим бил античка престолнина на Римското Царство и седиште на папата на Католичката црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи достигнувања во уметноста. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и финансиски центар на Италија а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, скулптори, поети, музичари, математичари и архитекти. Во своето минато Италија преживеала миграции, инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала нација-држава.
Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна. Италија е родно место на операта. Исто така земјата е родно место на најголем број на Светски наследства на УНЕСКО (48). Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, 216 археолошки локалитети, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски градски центри и многу повеќе. (Дознај повеќе...)
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
- ...дека врвниот кварк е најмасивната елементарна честичка во природата, тешка колку цел атом на волфрамот?
- ...дека Греамовата Земја на Антарктикот има крајбрежн нунатак (чука) наречен Итар Пејо во чест на македонскиот народен јунак?
- ...дека пробиштипското селото Лесново лежи во јасно сочуван фосилен кратер на вулканска купа, позната како Лесновска Купа?
- ...дека според легендата на мештаните, името на ресенското село Арвати, близу Преспанското Езеро потекнува од народот Хрвати?
- ...дека со должина од 27 м, реката Репруа во Апхазија е веројатно најкратката на светот?
- ...дека преспанското село Стење има 5 цркви и 6 археолошки наоѓалишта?
- ...дека името на денешната скопска населба Црниче потекнува од средновековната тврдина Чрнче на Водно?
- ...дека ентомологија е науката што се занимава со проучување на инсектите?
- ...дека синапсидите се нарекуваат и „працицачи“ бидејќи се сметаат за најрани предци на цицачите?
- ...дека галаксијата GN-z11 е најдалечниот и најстариот пронајден астрономски објект во вселената, на растојание од 32 милијарди светлосни години од Земјата?
- ...дека Смолика во Гребенско е највисоката планина во Егејска Македонија (и цела денешна Грција), веднаш по Олимп?
- ...дека UY Штит, најголемата ѕвезда позната за астрономијата, е 5 милијарди пати поголема од нашето Сонце?
- ...дека гренландската ајкула е најдолговечното ’рбетно животно на светот, кое може да живее до 5 века?
- ...дека годинава голфот се враќа како олимписки спорт по цели 112 години?
- ...дека според една од тезите, поимот „вегетаријанство“ потекнува од латинскиот поим vegetus (жив, енергичен), наместо од англискиот vegetable (зеленчук)?
- ...дека градот Пробиштип според статистичките и пописни податоци не постои како посебна статистичка единица?
- ...дека бурманскиот дипломат и Генерален секретар на ООН, У Тант (1909-1974) е почесен граѓанин на Скопје?
- ...дека куполата на Пантеонот во Рим (II век) е направена од бетон — материјал кој е подоцна заборавен, и повторно воведен дури во Индустриската револуција (XVIII-XIX век)?
- ...дека со смртта на царот Лудвиг Побожниот (вл. 814–840), по негова замисла Светото Римско Царство е поделено на три дела, од кои потекнуваат денешните земји Германија, Франција и Италија?
- ...дека од годинава, градот Днепропетровск во Украина го носи името Днепар (Дніпро), отстранувајќи го споменот за Петар Велики како руски цар и водејќи се исклучиво по истоимената река?
- ...дека првата подморница ја конструирал холандскиот пронаоѓач Корнелиус Дребел во 1620 г. и ја прикажал на јавноста во реката Темза во Лондон?
- ...дека првиот компактен диск е издаден во 1982 година?
|
На денешен ден…
|
Денес е 20 јануари 2017 г.
Настани:
1265 |
Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата. |
1327 |
Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III. |
1649 |
Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна. |
1667 |
По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар. |
1921 |
Прогласен е првиот устав на Турција. |
1936 |
Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство. |
1936 |
Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја. |
1936 |
Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри. |
1941 |
Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по трет пат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД. |
1945 |
Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. |
1961 |
Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43-та година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја. |
1970 |
По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори. |
1981 |
Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја. |
1981 |
По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници. |
1992 |
Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот. |
1996 |
На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ. |
2001 |
Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција. |
2011 |
На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија. |
2017 |
Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка. |
Родени:
Починале:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
|