2003
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
Грегоријански календар | 2003 MMIII |
Ab urbe condita | 2756 |
Асирски календар | 6753 |
Бахајски календар | 159–160 |
Бенгалски календар | 1410 |
Берберски календар | 2953 |
Будистички календар | 2547 |
Бурмански календар | 1365 |
Византиски календар | 7511–7512 |
Еврејски календар | 5763–5764 |
Ерменски календар | 1452 ԹՎ ՌՆԾԲ |
Етиопски календар | 1995–1996 |
Игбо-календар | |
- Нри-Игбо | 1003–1004 |
Ирански календар | 1381–1382 |
Исламски календар | 1423–1424 |
Јапонски календар | [[Хеисеи|]] 15 (15年) |
Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
Кинески календар | 壬午年月日 (4639/4699) — до —
癸未年月日(4640/4700) |
Коптски календар | 1719–1720 |
Корејски календар | 4336 |
Календар Мингуо | Република Кина 92 民國92年 |
Селевкидски календар | 2314–2315 |
Тајландски сончев календар | 2546 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2059–2060 |
- Шака самват | 1925–1926 |
- Кали југа | 5104–5105 |
Француски револуционерен календар | CCXI–CCXII 211–212 |
Холоценски календар | 12003 |
Џуче-календар | 92 |
2003 (MMIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 2003. година од новата ера, 3. од третиот милениум, 3. од 21 век и четвртта од 2000-тите.
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7511 и 7512 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6753 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5763 и 5764 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2756.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2003. година се протега во 4639 и 4640, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4699 и 4700 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2546. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1423 и 1424 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 1 февруари - Спејс шатлот Колумбија се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 астронаути
- 12 март - Во Белград е убиен српскиот премиер Зоран Џинџиќ
- 15 март - Ху Ѓинтао станува претседател на Народна Република Кина
- 19 март - Почнува Ирачката војна, со американско бомбардирање на Багдад.
- 9 април - Коалиционите сили го освојуваат Багдад, со што режимот на Садам Хусеин е симнат од власт.
- 1 јуни - Армијата на Република Македонија се вклучува во мултинационалните сили во Ирак
- 14 септември - На референдум Шведска го отфрла усвојувањето на еврото
- 19 октомври - Папата Јован Павле Втори ја прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.
- 31 октомври - Махатир Мохамад поднесува оставка на функцијата премиер на Малезија, по 22 години владеење
- 21 ноември - Во Скопје, во престрелка со полицијата, е убиен Диме Ицковски Поштарот, еден од 20-те најбарани криминалци на листата на МВР.
- 23 ноември - Едуард Шеварнаѕе е принуден да поднесе оставка на функцијата претседател на Грузија по масовните демонстрации против неговата власт
- 14 декември - Уапсен е Садам Хусеин.
- 26 декември - Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе.
- 31 декември - При влез во Македонија е уапсен германскиот државјанин Калид Ел Масри, кој подоцна поради сомение за тероризам е одведен во американски затвор во Авганистан
Родени[уреди | уреди извор]
Починале[уреди | уреди извор]
- 12 март - Зоран Џинџиќ, српски премиер
- 21 април - Нина Симон, американска пејачка
- 29 јуни - Кетрин Хепберн, американска актерка
- 4 јули - Бери Вајт, американски пејач
- 1 август - Мари Трентињан, француска актерка
- 16 август - Иди Амин, угандски претседател
- 30 август - Чарлс Бронсон, американски актер
- 11 септември - Ана Линд, шведски политичар
- 12 септември - Џони Кеш, американски пејач и гитарист
- 24 септември - Димитар Солев, македонски писател
- 1 октомври - Анте Поповски, македонски поет
- 19 октомври - Алија Изетбеговиќ, босански претседател
Поврзано[уреди | уреди извор]
„2003“ на Ризницата ? |