1989
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1989 MCMLXXXIX |
Ab urbe condita | 2742 |
Асирски календар | 6739 |
Бахајски календар | 145–146 |
Бенгалски календар | 1396 |
Берберски календар | 2939 |
Будистички календар | 2533 |
Бурмански календар | 1351 |
Византиски календар | 7497–7498 |
Еврејски календар | 5749–5750 |
Ерменски календар | 1438 ԹՎ ՌՆԼԸ |
Етиопски календар | 1981–1982 |
Игбо-календар | |
- Нри-Игбо | 989–990 |
Ирански календар | 1367–1368 |
Исламски календар | 1409–1410 |
Јапонски календар | [[Период Шова|]] 64[[Хеисеи|]] 1 (元年) |
Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
Кинески календар | 戊辰年月日 (4625/4685) — до —
己巳年月日(4626/4686) |
Коптски календар | 1705–1706 |
Корејски календар | 4322 |
Календар Мингуо | Република Кина 78 民國78年 |
Селевкидски календар | 2300–2301 |
Тајландски сончев календар | 2532 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2045–2046 |
- Шака самват | 1911–1912 |
- Кали југа | 5090–5091 |
Француски револуционерен календар | CXCVII–CXCVIII 197–198 |
Холоценски календар | 11989 |
Џуче-календар | 78 |
1989 (MCMLXXXIX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1989. година од новата ера, 989. од вториот милениум, 89. од 20 век и последна од 1980-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7497 и 7498 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6739 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5749 и 5750 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2742.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1989. година се протега во 4625 и 4626, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4685 и 4686 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2532. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1409 и 1410 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 10 јануари – Кубанските трупи почнуваат да се повлекуваат од Ангола
- 18 јануари – Полската комунистичка партија гласа за легализирање на синдикатот Солидарност
- 2 февруари – Завршува повлекувањето на советските трупи од Авганистан
- 3 февруари – Во Парагвај е извршен воен удар со кој е соборен Алфредо Штреснер, долгогодишен парагвајски диктатор
- 27 февруари – Во Венецуела се случуваат масовни немири, познати како Каракасо
- 15 април – Започнуваат протестите на Тјенанмен во Пекинг
- 10 мај - Димитар Илиевски - Мурато станува првиот Македонец што се искачил на Монт Еверест
- 4 јуни – Кинеската влада насилно ги задушува протестите на Тјенанмен
- 4 јуни – Солидарност победува на првите делумно слободни избори во повоена Полска
- 9 ноември – Источна Германија отвори премини во Берлинскиот ѕид, по што германските граѓани го рушат самиот ѕид
- 10 ноември – Тодор Живков се повлекува од челната функција во Бугарија
- 12 ноември – Во Бразил се одржуваат првите слободни претседателски избори од 1960 година
- 17 ноември - Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција
- 14 декември – Во Чиле се одржуваат првите слободни избори по воениот удар на Августо Пиноче во 1973 година
- 17 декември – Со бунт во Темишвар започнува Романската револуција против комунистичката власт
- 20 декември – Започнува воената интервенција на САД во Панама со која е соборен Мануел Нориега
Родени[уреди | уреди извор]
Починале[уреди | уреди извор]
- 7 јануари - Хирохито, јапонски император
- 23 јануари - Салвадор Дали, шпански сликар
- 19 мај - Ц.Л.Р. Џејмс, тринидадски социјалист
- 3 јуни - Хомеини, ирански ајатолах
- 11 јули - Лоренс Оливие, британски актер и режисер
- 16 јули - Херберт фон Карајан, австриски диригент.
- 28 септември - Фердинанд Маркос, филипински претседател
- 30 септември - Оскар Давичо, српски поет
- 14 декември - Андреј Сахаров, советски физичар и дисидент
- 22 декември - Семјуел Бекет, ирски писател
- 25 декември - Николае Чаушеску, романски диктатор
Видете исто:
„1989“ на Ризницата ? |