Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 87.010 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Tea leaves steeping in a zhong čaj 05.jpg

Чај — пијалак кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Зависно од начинот на преработка на чајните листови, постојат четири главни вида на чај (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis. Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидантски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или протеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.

Според една позната кинеска легенда, Шеннунг, легендарниот кинески цар, изумител на земјоделството и кинеската медицина, околу 2737 п.н.е. пиел врела вода кога ветрот дувнал и неколку листови од блиското дрво паднале во чашката, па течноста почнала да ја менува бојата. Љубопитниот монарх пробал од новонастанатиот пијалок и пријатно се изненадил од вкусот и закрепнувачките својства. Друга варијанта на легендата вели дека царот на себеси ги опитувал лековитите својства на растенијата, од кои некои биле отровни, и увидел дека чајот работи како противотров. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот

Ербас А340-500 на Кралското воено воздухопловство на Тајланд како прави допир и одлет на аеродромот во Пукет.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

оСтатоци од челната кула (бастионот) на Чрнче
На денешен ден…

Денес е 15 октомври 2016 г.

Настани:

1582  Почнува да се користи Грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија датата 4. октомври била следена од 15. октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена.
1878  Претпријатието на Едисон за електрични светилки, денешен „Џенерал Електрик“, започнала со работа.
1894  Алфред Драјфус бил уапсен за шпионирање — започнала аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот „Обвинувам!“ од Емил Зола во весникот „Аурора“.
1928  Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхурст, Њу Џерси, САД.
1945  Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство.
1946  Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна.
1971  Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија.
1984  Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“.
1992  Во Скопје е регистрирана Демократска партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач.
1995  По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.
2016  Керсти Калјулајд станува првата жена на функцијата Претседател на Естонија.

Родени:

1608  Еванџелиста Торичели — италијански физичар и математичар.
1844  Фридрих Ниче — германски философ.
1854  Оскар Вајлд — англиски писател.
1908  Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист.
1923  Итало Калвино — италијански писател.
1929  Милорад Павиќ — српски писател.
1950  Благоја Георгиевски — македонски и југословенски кошаркар.
1952  Вахид Халилхоџиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1960  Славко Штимац — српски актер.
1971  Нико Ковач — хрватски фудбалер и тренер.
1977  Давид Трезеге — француски фудбалер.
1980  Том Бонен — белгиски велосипедист.
1988  Месут Езил — германски фудбалер со турско потекло.
1991  Михел Кох — германски велосипедист.

Починале:

1917  Мата Хари — германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка.
1989  Данило Киш — српски и југословенски писател.

Празници:

  Глобален ден на миењето раце
  САД: Ден на белиот бастун
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Заедничка ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич