1922
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1922 MCMXXII |
Ab urbe condita | 2675 |
Асирски календар | 6672 |
Бахајски календар | 78–79 |
Бенгалски календар | 1329 |
Берберски календар | 2872 |
Будистички календар | 2466 |
Бурмански календар | 1284 |
Византиски календар | 7430–7431 |
Еврејски календар | 5682–5683 |
Ерменски календар | 1371 ԹՎ ՌՅՀԱ |
Етиопски календар | 1914–1915 |
Игбо-календар | |
- Нри-Игбо | 922–923 |
Ирански календар | 1300–1301 |
Исламски календар | 1340–1341 |
Јапонски календар | [[Таишо|]] 11 (11年) |
Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
Кинески календар | 辛酉年月日 (4558/4618) — до —
壬戌年月日(4559/4619) |
Коптски календар | 1638–1639 |
Корејски календар | 4255 |
Календар Мингуо | Република Кина 11 民國11年 |
Селевкидски календар | 2233–2234 |
Тајландски сончев календар | 2465 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 1978–1979 |
- Шака самват | 1844–1845 |
- Кали југа | 5023–5024 |
Француски револуционерен календар | CXXX–CXXXI 130–131 |
Холоценски календар | 11922 |
Џуче-календар | 11 |
1922 (MCMXXII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1922. година од новата ера, 922. од вториот милениум, 22. од 20 век и трета од 1920-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7430 и 7431 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6672 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5682 и 5683 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2675.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1922. година се протега во 4558 и 4559, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4618 и 4619 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2465. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1340 и 1341 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- Во Струмица била донесена првата топка, кога бил формиран фудбалскиот клуб Беласица.
- Се одржува Првата земска конференција на КПЈ во Виена, на која учествува и Панко Брашнаров.
- Групите на Тодор Александров го нападнале Неврокоп, а Тодор Паница со неколку свои истомисленици дал силен отпор.
- Владимир Илич Ленин во декември оваа и во јануари наредната година го пишува своето „Писмо до Конгресот“, познато како Ленинов тестамент, во кое апелира Партијата да го зачува единството на своите редови.
- Макс Аман, нацистички функционер со висок чин во СС, политичар и новинар, станал член на претседателството на Нацистичката партија.
- Нилс Бор добива Нобеловата награда за физика.
- Марсел Пруст во еден свој есеј издаден оваа година деклaративно изјавува дека заедно со Алфред де Вињи, Бодлер е "најголемиот поет на деветнаесеттиот век".
- 31 октомври - Бенито Мусолини станува 40-от премиер на Кралство Италија.
Родени[уреди | уреди извор]
- 24 јануари - Ава Гарднер, актерка, една од легендите на Холивуд.
- 10 јуни - Џуди Гарланд, американска филмска актерка и пејачка, номинирана за оскар, најпозната по својата улога како Дороти Гејл во филмот Волшебникот од Оз.
- 29 септември - Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар, еден од најзначајните советски дисиденти од периодот на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин, па сè до режимот на Леонид Брежнев.
- 11 ноември - Курт Вонегат, американски писател, сатиричар и уметник.
- 21 декември - Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, првото перо на македонското новинарство и публицистика, и државник.
- Зехарија Сичин, добар познавач на сумерската митологија и древните јазици, посебно сумерскиот јазик, автор на бројни книги во кои дава објаснување за потеклото на човекот. Познат е по теориите за постоењето на древни астронаути и планетата Нибиру.
- Катерина Трајкова Нурџиева- македонски борец, национален деец и внука на Гоце Делчев.
Починале[уреди | уреди извор]
- 10 февруари - Христо Матов, еден од најистакнатите дејци на ТМОРО и теоретичари на македонската ослободителна борба, познат под псевдонимот „Брут“.
- 20 јули - Андреј Марков, руски математичар.
- 2 август - Александар Грејам Бел, американски научник од шкотско потекло, пронаоѓач-физичар, творец на телефонот.
- 18 ноември - Марсел Пруст, француски писател, автор на делото „Во потрага по загубеното време“.
Видете исто:
„1922“ на Ризницата ? |