Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време на Светото Римско Царство се наоѓал на раскрсницата на Вија Регија и Вија Империи, два важни трговски патишта. Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура на полињата, како што се музика и издаваштво. По Втората светска војна, Лајпциг станал голем урбан центар во рамките на комунистичката Германската Демократска Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.
Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот на комунизмот во Источна Европа, со настаните, кои се случиле во и околу црквата Свети Никола. Со повторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор, вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни натпревари, оперската куќа и зоолошката градина. (Дознајте повеќе...)
Легберг (букв. „Карпа на Законите“) во националниот парк Тингведлир, Исланд. Тука законодавните старешини претседавале со Алтингот (народното собрание) во средниот век.
...дека првото интегрално коло е осмислено во 1958 г. од Џек Килби?
...дека Византијците успеале да ја надвладеат војската на Петар Делјан само поради помошта од Викиншката гарда на Харалд Суровиот — подоцна крал на Норвешка, крунисан со воената слава како „опустошувач и разорувач на Македонија“ и опеан во скандинавска сага?