Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 85.863 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (полски: Fryderyk Franciszek Chopin, француски: Frédéric François Chopin; 1 март 1810, Желазова Вола – 17 октомври 1849, Париз) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20 годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39 годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како сонатата за пијано, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Oasis de Huacachina, Ica, Perú, 2015-07-29, DD 18.JPG
Оазата Вакачина во регионот Ика, Перу.

Руското вселенското летало и ракетата на „Сојуз ТМА-20М“ со посадата на Експедицијата 47 кон Меѓународната вселенска станица подготвени за лансирање од космодромот „Бајконур“ во Казахстан на 15-16 март 2016 г.
Дали сте знаеле дека…

Од најновите статии на Википедија:

Реконструкција на подморницата „Дребел“ во Ричмонд на Темза
На денешен ден…

Денес е 26 мај 2016 г.

Настани:

1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1972  Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.
1994  Весникот на албански јазикФлака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник.

Родени:

1478  Папа Климент VII — римски папа.
1566  Мехмед III — отомански султан.
1799  Александар Пушкин — руски поет и писател († 1837.).
1907  Џон Вејн — американски глумец.
1926  Мајлс Дејвис — американски џез-музичар.
1939  Витали Галков — руски кану-спринтер.
1948  Стиви Никс — американска пејачка, членка на групата „Флитвуд мек“.
1964  Лени Кравиц — американски музичар.
1967  Кевин Мур — клавијатурист на групата „Dream Theater“.
1971  Мет Стоун — американски продуцент.
1977  Лука Тони — италијански фудбалер.
1984  Микел Ниеве — шпански велосипедист.
1988  Хуан Квадрадо — колумбиски фудбалер.

Починале:

735  Пречесен Беда — англиски светец и историчар, наречен „Татко на англиската историја“.
1421  Мехмед I — отомански султан.
1512  Бајазит II — отомански султан (р. 1447.).
1917  Борис Дрангов — бугарски офицер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Заедничка ризница
Складиште на слики и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич