Од Википедија — слободната енциклопедија
24 јуни е 175-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (176-ти во престапна година ). Остануваат 190 дена до крајот на годината.
972
Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска , во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.
1441
Формиран е Колеџот Итон .
1497
Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд , Канада - прво европско откритие на регионот по Викинзите .
1509
Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал.
1793
Усвоен првиот републикански устав во Франција .
1859
Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино , Северна Италија . Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот крст .
1861
Од печатницата на Анте Јакиќ , во Загреб , излегол од печат „Зборникот народни умотворби “ на браќата Миладиновци .
1894
Бил извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно , кој се борел за ограничување на синдикалните права.
1901
Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз .
1910
Јапонија ја освојува Кореја .
1918
Гигантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз .
1940
Франција и Италија потпишуваат примирје.
1944
Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто , Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито , на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
1945
Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва .
1947
Прв познат случај на средба со НЛО . Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон , забележува девет светлечки дискови во форма на чинии.
1983
Јасер Арафат протеран од Дамаск .
1990
Основана е Работничката партија , левичарска политичка партија во Република Македонија.
1991
Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ .
1996
Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди.
1999
Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена Layla е продадена на аукција за 497,500 долари.
24 јуни (празници)